Home / нови лекови / Пристигна лекот кој ги убива најсмртоносните бактерии за неколку секунди

Пристигна лекот кој ги убива најсмртоносните бактерии за неколку секунди

Научниците успеаја да развијат лек кој е алтернатива на антибиотиците, кој, според тестирањата до сега, се покажал како многу делотворен и не ги уништува корисните бактерии за човекот што е пропратен ефект кај скоро сите антибиотици.

stafЛекот е наречен „стафефект“ и во моментов може да се купи само како крема за воспалителни процеси на кожата. Во наредните пет години ќе се работи на производство на лекот во облик на таблети или капсули со кои ќе се лечат тешки инфекции.

Во денешното време многу од бактериите кои што се опасни за човекот стануваат отпорни на денешните антибиотици и не е реткост докторите и пациентите да се „борат“ со таканаренечите „супер бубачки“ (superbags) кои се отпорни на сите конвеционални видови антибиотици.

Марк Оферхаус, директор на холандската фирма Микреос која што го патентираше „стафефект“, вели дека бактериите многу тешко ќе успеат да развијат отпорност кон лекот.

– Нашиот производ ги уништува бактериите однадвор и тоа се случува за неколку секунди. Бактериските станици немаат време да развијат отпорност на лекот – вели Оферхаус.

Во светот годишно умираат околу 5.000 луѓе поради тоа што антибиотиците не им помагаат. Тоа се обично луѓе кои на своја рака земаат лекови и по извесно време стануваат отпорни на дејството на антибиотиците. Овој тренд кај модерниот човек да се лечи сам, без консултација со медицинско лице и се поголемиот број „супер бубачки“ во болниците ширум светот доведуваат до опасност медицината да го забави својот модерен прогрес и да се врати во таканаренечите „мрачни времиња“.

Моќниот „стафефект“ е базиран на ензимот „ендолајсин“ кој е составен дел од вирусот „бактериофаг“ кој е природен непријател на бактериите веќе милијарди години.

Лекот специфично ги напаѓа опасните бактерии „стафилокока ауреус“ (staphylococcus aureus) и нејзината најсмртоносна варијација МРСA (methicillin-resistant staphylococcus aureus).

Со редовната примена на „стафефект“ во следните години се очекува тотално искоренување на овие бактерии.

PlusInfo

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top