Free songs
Home / Болести и лечење / Од пукањето на прстите ќе ви се тресат рацете кога ќе остарите?

Од пукањето на прстите ќе ви се тресат рацете кога ќе остарите?

За некои луѓе крцкањето на прстите е само обична навика, додека на други им носи необјаснето олеснување.

Докажано е дека од 25 до 54 проценти од луѓето секојдневно ги пукаат прстите. Меѓутоа, постојат голем број на стари верувања дека на овој начин се трошат зглобовите и лесно се добива артритис.

pukanje prsti rakaГрупа научници конечно решија да го проучат ова старо тврдење и докажаа – артритисот, кој е воспаление на зглобовите, нема никаква врска со пукањето на прстите.

Во зглобовите има посебна течност која служи како подмачкување, а во таа течност постојат мали меурчиња воздух. Токму тие меурчиња пукаат, а не коските и зглобовите.

На кратко, еве како се одвива целиот тој процес:

Во синовијалната течност се наоѓаат јаглерод диоксид, азот и кислород, па кога ќе направите движење кое предизвикува пукање, всушност го намалувате притисокот кој постои во зглобовите. Тогаш зглобовите се враќаат на свое место, синовијалната течност исто така, а самото враќање го предизвикува пукањето на меурчињата.

Што значи, спротивно на сите верувања, враќањето на зглобовите на свое место не е штетно, ниту опасно. Токму затоа голем број на луѓето чувствуваат пријатно олеснување за време на пукањето на прстите.

Во едно истражување од 2010 година се докажало дека артритисот се развил кај 18% од луѓето кои ја имале навиката за пукање на прстите, а кај 21,5% од луѓето кои ја немаат оваа навика.

Што значи, не ги слушајте вашите баби и дедовци и пукајте ги прстите ако тоа ви претставува олеснување!

Црнобело

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top