Home / природен лек / Природна заштита од срцев и мозочен удар

Природна заштита од срцев и мозочен удар

Премногу обилната и нездрава исхрана, која се одликува со голем енергетски внес на маснотии и шеќер е една од најголемите причини за зравствени тегоби и болести кои можат да доведат до мозочен или срцев удар. Овие заситени масни киселини се наоѓаат во мрсното и преработено месо, жолчката од јајцето, како и во црниот дроб.

srcev-udarЗа да имате здрав организам, се препорачува медитерански начин на исхрана, бидејќи е докажан како најефикасен во борбата против кардиоваскуларните болести. Затоа, јадете свежо овошје, разновиден зеленчук, риба и житарки. За појадок или ужина треба да консумирате јаткасти плодови (ореви, лешници, бадеми) и семки, бидејќи содржат есенцијални полузаситени масни киселини кои се добри за здравјето, а можат да се јадат во свежа состојба.

Мешунките – гравот, леќата и грашокот, се потребни во исхраната, но не ги комбинирајте со месо.

Избегнувајте го додавањето на шеќер, слатките и претераниот внес на сол. Исто така, не се препорачува кафето, особено она со млеко или со шлаг. Повремено е дозволена една чаша вино.

Се препорачува краткотрајна и брза термичка обработка на храната, варена во вода или на пареа, како и печена со малку маснотии. Храната пред да ја обработите, иситнете ја, за да биде термичката обработка побрза.

Важно е да користите ладно цедени масла, особено маслиновото. Ова масло содржи олеинска киселина, која поволно влијае на здравјето на крвните садови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top