Free songs
Home / природен лек / Природен лек за старечки пеги

Природен лек за старечки пеги

Хиперпигментација е пореметување под кое се подразбира менување на тенот на кожата, при што се јавуваат темни точки и пеги. Причината за тоа е зголемено количество на меланин, односно темен пигмент на кожата.

starcheski-petna-2-16961-500x334Изложеност на сончева светлина, бременост, некои болести, старост или пак траума можат да го предизвикаат ова пореметување на создавањето на меланин, кој се карактеризира со темни пеги по телото. Главните причини можат да се поделат во две категории: внатрешни или надворешни.

Надворешните, се оние кои доаѓаат од окружувањето, како на пример изложеност на сончева светлина, влијание на хемиски соединенија како бетаксолол, миноциклин, естроген, прогестерон и сл. Внатрешните пак, се врзуваат за генетски фактори, што би значело дека луѓето со потемен тен се склони на ова пореметување.

Пегите, старечките пеги или флеки настанати од сонцето, се резултат на штетното ултравиолетово зрачење. Претерана изложеност на овој вид на зрачење може да доведе до привремено или трајно пореметување кое резултира со промена на тенот на кожата. Овој вид на пореметување се манифестира на рацете и лицето, најчесто, поради нивната најголема изложеност, но би можеле да настанат и на било кој друг дел од телото.

Лузните од операции или траму можат да предизвикаат промена на тенот, дури и во случај кога лузната ќе исчезне, трагите од меланинот остануваат.

Мелазма е хиперпигментација која настанува за време на бременоста. Ова е најбезопасната манифестација бидејќи најчесто поминува сама од себе по завршувањето на бременоста. Пегите настануваат во пределот на лицето, најмногу на образите и носот.

Природен лек за отстранување:

Земете една лажичка куркума во прав. Додајте 1 лажичка исцеден лимонов сок. Добро измешајте за да се добие потребната густина. Смесата нанесете ја на зафатените подрачја. Почекајте смесата да се исуши, за што ќе бидат потребни не повеќе од 15-тина минути, па исперете ја со ладна вода. Не ја изложувајте кожата на директна сончева светлина веднаш по третманот. Процесот се препорачува да го повторувате и пред туширање. Резултатите ќе бидат видливи што започнете процедурата да ја правите барем 2 пати на ден. Овој лек се споменува во списите на древната индиска медицина.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top