Home / аларм / Престанете да јадете бел леб и за неколку недели ќе ги забележите следните 3 промени

Престанете да јадете бел леб и за неколку недели ќе ги забележите следните 3 промени

Доколку сакате да го изгубите вишокот на килограми, да добиете поголема енергија како и да го избегнете гладот веднаш престанете да конзумирате бел леб и за време од само неколку недели ќе ги забележите следните 3 промени:

leb gluten1. Ќе изгубите неколку килограми предизвикани од таложење вода

Лебот е преполн со јаглехидрати, а наглото исфрлање на истите од вашето тело ќе заврши со намалување на килограмите. Сепак, не се работи за инстант слабеење, туку за ослободување од вишокот вода насобрана во телото. Секој грам јаглехидрати задржани во телото, се врзува со 3 до 4 пати повеќе вода од својата тежина.

2. Нема да бидете постојано гладни

Преработените јаглехидрати предизвикуваат раст на шеќерот во крвта, кој потоа многу брзо опаѓа. Овие промени може да испратат нејасни сигнали кои ќе ви го зголемат чувството на глад, заради што повторно се дебелеете. Доволно е празните калории од белиот леб да ги замените со производи направени од цели житарки за да ја забележите промената.

3. Енергијата ќе ви се подигне, а системот за варење ќе се подобри

За разлика од интегралниот и црниот леб, белиот не содржи влакна кои се неопходни за нормална работа на цревата. Токму затоа, само ако го исфрлите белиот леб од исхраната, системот за варење ќе ви функционира нормално.

Исто така, јаглехидратите се храна за мозокот. Доколку тие се квалитетни, мозокот ќе работи многу побрзо, но ако истите се нездрави, телото ќе реагира негативно. Како последица на тоа се појавува чувството на замор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top