Home / аларм / Чорапи во лето, да или не

Чорапи во лето, да или не

Ова е едно од најактуелните прашања. Дојде летото и многумина од нас едвај чекаа да ги исфрат чорапите од нивната гардероба. Секако, ако облечете сандали сигурно нема да ги носите, за да не изгледате како источногермански турист.

Но дали треба да ги носите со патики и затворени чевли?corapi

Докторите советуваат сепак да носите чорапи. Стапалата имаат многу потни жлезди околу 250 илјади. Нашите нозе се потат дури и без никакво напрегање, а уште повеќе се потат доколку стоиме по цел ден во патики или чевли каде им е топло или тесно. Воопшто не е пријатно да носите чевли изработени од вештачки материјали.

Затоа и во летниот период треба да носите памучни чорапи, уште подобро тенки волнени или свилени.

Ако не носите чорапи, голема количина пот се апсорбира во чевлите на кои понатаму им е потребно 24 до 48 часа да се исушат во целост.

mama365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top