Home / аларм / Пресметајте колку е старо вашето тело

Пресметајте колку е старо вашето тело

Научниците најдоа начин за пресметување на вашата физичка форма (или како што ја нарекуваат – фитнес возраст), без притоа да бидете изложени на стресни физички тестови. Се што треба е да одговорите на 7 прашања.

COVER-vo2-max-650x325Научниците од Универзитот за наука и технологија на Норвешка, направиле екстензивно тестирање на 5.000 доброволци, на возраст од 20 до 90 години. Ги мереле нивната висина, индексот на телесна маса, нивото на холестерол и слични телесни показатели, и ги терале испитаниците да трчаат до степен на исцрпување, со цел да го измерат максималниот внес на кислород (VO2 max). VO2 max, всушност, означува колку добро телото го доставува кислородот до клетките, а овој индекс често се поврзува со подолг животен век, па оттаму ја добиваме и фитнес-возраста.

На крајот, се покажало дека возраста, полот, обемот на струкот, срцевото темпо (број на отчукувања во минута) при мирување и навиките на вежбање можат прецизно да го одредат VO2 max индексот на човекот. Како што можеби заклучивте, овој број е многу поважен од вашата вистинска возраст. 70-годишна личност може да ја има физичката форма на 20-годишник, но за жал, и обратно.

Повелете и пресметајте колку сте всушност стари. VO2 max калкулаторот можете да го најдете овде: ЛИНК.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top