Free songs
Home / аларм / Премногу спиење ризично исто како и несоницата

Премногу спиење ризично исто како и несоницата

Луѓето кои спијат повеќе од девет часа ноќе исто толку се подложни на болести како и оние што страдаат од несоница, тврдат финските научници. Добро проспиената ноќ е од клучна важност за нашето здравје, но премногу или премалку сон може сериозно да го загрози здравјето.

spieИдеално би требало да спиеме помеѓу 7 и 8 часа во текот на ноќта, наведуваат истражувачите кои го анализирале однесување на 3.760 мажи и жени на возраст од 30 до 64 години.

Поврзувајќи ја својата работа во врска со бројот на денови од боледувањето на вработените, било утврдено дека здравите луѓе спијат отприлика 7 часа и 30 минути. За жените идеалната должина на сонот е 7 часа и 38 минути а за мажите 7 часа и 46 минути.

– Потребно е да се промовира идеално траење на сонот. Премногу или премалку сон укажува на постоење на здравствени проблеми и го зголемува ризикот од болести. Трошоците предизвикани со отсуството од работа поради боледувањето би можеле да бидам намалени за 28 отсто кога здравствените власи посериозно би се позанимавале со проблемот на нарушувањето на сонот – објаснува авторката на студијата Теа Лалука.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top