Home / Болести и лечење / Половина заболени не знаат дека ја имаат оваа болест!

Половина заболени не знаат дека ја имаат оваа болест!

Симптомите на кои треба да обрнете внимание се: Зголемена жед и често мокрење. Како што вишокот шеќер влегува во крвотокот, така течноста се повлекува од ткивото.

Дијабетесот тип 2 може да предизвика сериозни последици како откажување на бубрезите и слепило, како и да го зголеми ризикот од срцев и мозочен удар. Тоа што е уште пострашно е фактот дека речиси 30% од дијабетичарите не се ни свесни дека го имаат, а состојбата е потребно што побрзо да се стави под контрола.

Симптомите на кои треба да обрнете внимание се:

blood-sugar1-640x300Зголемена жед и често мокрење. Како што вишокот шеќер влегува во крвотокот, така течноста се повлекува од ткивото. Поради тоа сте жедни повеќе од обично, а како резултат на ова ќе пиете и уринирате почесто.

Зголемено чувство на глад. Без доволно инсулин шеќерот да се пренесе до клетките, вашите мускули и органи остануваат без енергија. Ова предизвикува интензивно чувство на глад.

Губење на тежина. Иако јадете повеќе од обично, може да губите тежина. Без способност да ја користите гликозата, телото користи алтернативни горива складирани во мускулите и мастите. Калориите се губат, а гликозата се исфрла преку урината.

Замор. Кога клетките имаат недостаток од шеќер, станувате заморни и раздразливи.

Заматен вид. Доколку шеќерот во крвта е превисок, од очите може да се пoвлече течноста, а ова може да влијае на способноста за фокусирање.

Рани кои поспоро зараснуваат или зачестени инфекции. Дијабетесот тип 2 влијае на способноста за заздравување и спротиставување на инфекциите.

Како да си помогнете?

dijabetПостојат начини за да ја спречите или одложите појавата на дијабетес. Еве како:

Воведете си физичка активност на дневна база. Вежбањето го подобрува делувањето на инсулинот, а гликозата од крвта ја насочува во ткивото, каде може да се користи за енергија.

Одржувајте здрава телесна тежина. Доколку сте дебели, колку повеќе килограми ќе изгубите, толку ги намалувате шансите дека ќе добиете дијабетес.

Јадете намирници без рафинирани јаглехидрати, овошје, зеленчук, интегрални житарки и мононезаситени масти (како што е маслиновото масло).

Грижете се за здравјето. Редовно мерете го крвниот притисок, холестеролот и нивото на триглицериди. Побарајте помош доколку ви е потребна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top