Free songs
Home / природен лек / Плакнете ја устата со сончогледово / сусамово масло – еве за што се помага

Плакнете ја устата со сончогледово / сусамово масло – еве за што се помага

Станува збор за метода која ~ припаѓа на ајурведската медицина и е темелно опишана во древните индиски списи.

maslo 111Со оваа метода отстранувањето на отровните материи од телото се постигнува преку секојдневно плакнење на усната празнина со сончогледово или со масло од сусам. Маслото никако не смее да се проголта, туку треба да се исплука, по што устатата треба добро да се измие. Оваа постапка му овозможува на организмот сам да се избори против болеста, без никакви несакани нуспојави кои се врзуваат со користењето медикаменти.

Терапијата со масло се спроведува само со ладно цедени и нерафинирани масла. Се препорачува сончогледово или сусамово масло, иако според многуте искуства на оние што ја практикуваат методата, може да се користи и маслиново.

Maslinovo-uljeТерапијата се спроведува на празен стомак на тој начин што ќе земете една голема лажица масло и потоа полека ќе го преместувате во усната шуплина од 15 до 20 минути.

Оваа метода се покажала како делотворна во борбата против многу болести и тегоби. Еве некои од нив:

главоболка
забобол
хроничен умор
несоница
астма
егзема
белодробни заболувања
артритис
цревни и желудочни болести
болести на бубрезите, црниот дроб и срцето
хронични болести на крвта
женски болести

Освен ова, терапијата со масло ги избелува и зацврстува забите, го запира крвавењето на непцата и помага при парадентозата. Тајната на делотворноста на оваа метода е во тоа што за време на плакнењето сите шест литри крв поминуваат низ плунковните жлезди и на тој начин организмот се ослободува од штетните материи. Едноставно кажано, со помош на маслото се извлекуваат отровите од организмот.

Освен за лекување, терапијата со масло се препорачува да се користи и превентивно бидејќи го јакне имунитетот и на тој начин уште на почетокот се спречуваат многу болести.

 

Превентивно, доволно е третманот со масло да го правите еднаш дневно, најдобро наутро, на празен стомак. Во терапевтски цели постапката треба да ја повторувате три пати дневно, пред јадење. Колку ќе трае терапијата зависи од болеста и од општата состојба на организмот. Но вообичаено се смета дека акутните болести може да се излекуваат за помалку од една недела, а хроничните во рок од неколку месеци, па с` до една година.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top
trusted online casino malaysia minyak dagu mega888 pussy888 xe88 apk joker123 super 8 ways ultimate casino malaysia live22 mega888 免费电影 casino malaysia 918kiss