Free songs
Home / природен лек / Печурки за слабеење и за лекување

Печурки за слабеење и за лекување

Печурките се користат како храна и лек веќе илјадници години. Тие се едни од најздравите продукти во исхраната на човекот и се препорачува на вашето мени да се најдат барем три пати во неделата. Се разликуваат од останатите прехранбени продукти по тоа што содржат мала количина сол и шеќер, но повеќе витамини, минерали и антиоксиданси кои штитат од болести. Исто така, тие не содржат холестерол и масти, а поради тоа се и нискокалорични.

sitake pecurkaПечурките поради својот лековит состав поволно дејствуваат кај следниве болести и тегоби: Алцхајмерова болест, алергии, анемија, астма, депресија, дијабетес, за подобра концентрација и помнење, импотенција, јакнење на нервниот систем, лекување при некои видови рак, одржување здрави крвни садови, остеопороза, превенција кај органите за варење, проблеми со штитната жлезда, проблеми со лошиот холестерол и крвниот притисок, проблеми со косата и кожата, со нервите, со коските и забите. Имаат позитивно влијание и врз стресот.

Тие содржат и полисахариди кои влијаат на одбранбеноста на организмот, препознавањето на малигните клетки, нивно уништување и повторното враќање на организмот во рамнотежа.

Печурките се препорачливи за сите што сакаат да ја одржат телесната тежина или се борат со непотребните килограми затоа што 100 грама печурки во просек содржат 18-26 калории. Тие содржат два-три пати помалку калории од зеленчукот и овошјето што секојдневно го користиме во исхраната.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top