Free songs
Home / аларм / Оваа храна не смее да се јаде сирова – Еве што е поздраво да јадете варено

Оваа храна не смее да се јаде сирова – Еве што е поздраво да јадете варено

Овошјето и зеленчукот е поздраво сирово отколку варено. Но кај некој зеленчук со варењето се разбива тврдата структура на ќелиите, што ја олеснува апсорпцијата на хранливите материи. Секако, морате да ги варите на правилен начин – на умерена силна температура, но не предолго

Варениот кељ е поздрав сиров, но ако го пржите во многу масло подобро е да го користите свеж.

hrana-organska1. Спанаќ

Од варениот спанаќ телото полесно ќе ги извлече сите хранливи материи, како што се калциумот, железото, магнезиумот, лутеин, па антиоксидантите, како што е бета-каротенот. Количеството на калциум е тројно поголема ако спанаќот е варен.

2. Кељ

Свежиот кељ, за разлика од варениот, телото потешко го вари. Но, исто така е помалку хранлив. Кај варениот се зголемува нивото на витамините А и К, како и влакната.

3. Печурки

Варените печурки не се само поздрави , туку и посигурни. Постојат некои видови печурки кои можат да се јадат само ако се термички обработени, а дури и оние кои можат да се служат сирови, како што се шампињоните, телото потешко ги вари. Печурките имаат многу тврда структура на ќелиите, па варењето прави чуда по прашањето на извлекувањето на хранливите материи, полесното варење и убивањето токсини кои печурките можат да ги содржат.

4. Домати

Со варењето на доматите се зголемува количеството ликопен. Сировите домати, од друга страна, отпуштаат само 4% од тој антиоксиданс, кој е поврзан со понизок ризик од срцеви заболувања и рак.

5. Моркови

Можеби нема да гледате во темница, ама морковите секако дека ќе ви го подобрат видот благодарение на високото ниво на бета-каротен, антиоксиданси кои телото ги претвора во витамин А. Сировите моркови и бета-каротенот телото понекогаш потешко ги вари. Но варењето ја разбива “тврдоста“ на зеленчукот и така ја зголемува нивната хранлива вредност.

 

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top
trusted online casino malaysia minyak dagu mega888 pussy888 xe88 apk joker123 super 8 ways ultimate casino malaysia live22 mega888 免费电影 casino malaysia 918kiss