Home / нови лекови / Откриена тајната на смртта

Откриена тајната на смртта

Благодарение на развојот на медицината, луѓето живеат значително подолго, но и покрај тоа науката се уште не може да вети долговечност.Постојат истражувања кои се обидуваат да ги откријат процесите во организмот  кои предизвикуваат стареење.

gradi bolka srceАнализата на крвта на некогашната најстара жена на светот Хендрик ван Андел Схипер од Холандија, која почина во 2005 година на 115 годишна возраст, дава можни одговори. Дури и во длабока старост таа имала здрав дух и здраво тело. Причината за смртта се уште не е позната, бидејќи сите нејзини анализи се речиси совршени.

На 85 години таа ветила дека ќе го даде своето тело во името на науката, но под услов дека сите резултати ќе бидат јавно обелоденети. Речиси 30 години подоцна одлуката на повозрасната жена им овозможило на научниците да ги истражуваат нејзините “супер гени”. Резултатите покажуваат дека должината на животот зависи од способноста на матичните клетки да го задржат секојдневниот процес на ажурирање на ткивата.

Кога во еден момент тие ќе ја достигнат границата на животот и почнат да умираат, виталните органи и крвни клетки престануваат да се обновуваат. Крвните примероци покажуваат дека во крајот на животот опстануваат само две активни матични клетки кои произведуваат бели крвни зрнца. Тоа значи дека речиси сите матични клетки, со кои сме се родиле, изумреле.

“Мислев дека тоа е невозможно”, рече главниот автор на студијата Хене Хостеге од Амстердам.

Кога ќе се роди, човек има околу 1300 активни матични клетки во крвта, кои постојано се делат и така се регенерира крвта. ”Тоа значи ли дека постои граница за поделбата на клетките, а со тоа и граница на човековиот живот? Дали би можело да се продолжи резервите и така да живееме подолго? На сите овие прашања се обидоа да одговорат холандските експерти.

Тие откриле уште еден доказ дека организмот се исцрпува и матичните клетки исчезнуваат.Анализите покажуваат дека теломерите, заштитните врвови на хромозомите на матичните клетки во крвта значително се трошат. Теломерите се намалуваат во текот на целиот живот со секоја поделба на клетките. Кога ќе станат премногу кратки, делбата на клетките веќе не е можна и тие умираат. Се смета дека токму во тоа се крие биолошкиот часовник, кој ја одредува смртта на матичните клетки.

Научниците сметаат дека истражувањето отвора можност за подмладување на телото со инјекции од матични клетки. “Сепак се уште сме далеку од овие манипулации. Покрај тоа, иако крвта има доминантна улога во времетраењето на животот, не треба да се заборави дека одбивањето на органите да работат е најчеста причина за смрт”, објаснија научниците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top