Home / Болести и лечење / Од нечистиот клима-уред демне легионерска болест

Од нечистиот клима-уред демне легионерска болест

Ако клима-уредот редовно не го одржувате и не го чистите, ризикувате инфекција со бактеријата Legionella pneumophilla, која предизвикува легионерска болест. Таа бактерија предизвикува тешко воспаление на белите дробови, а може да биде и смртоносна.

Посебно ѝ се подложни луѓето со ослабен имунитет, хроничните болни, пушачите и алкохоличарите. Се пренесува со вдишување на ситните капки од клима-уредот.

Симптомите на оваа опасна болест се опасно висока температура, над 40 стапени, чувство на студ, сува или продуктивна кашлица, болка во градниот кош, главоболка, малаксаност и пролив. Се лекува со силни антибиотици.

Лошото одржување и неадекватната примена на климатизацијата можат да предизвикаат алергиски реакции на риноконјуктивитист, астма, на алергените на мувлата и грините, но и можност за појава на симптоми на неспецифични воспаленија познати како „синдром на болни згради“, типичен за појавата во зградите со лоши климатски уреди, велат пулмолозите. Симптомите на „синдромот на болна зграда“ се сувост на очите, ждрелото, носот, симптоми слични на алергиите какви што се течење на носот и солзење на очите, отежнато дишење или симптоми како на грипот. Синдромот е специфичен по тоа што симптомите исчезнуваат кога лицето ќе се оддалечи од „заразената“ зграда, а се враќаат штом личноста ќе се врати во таа зграда.

Со алергискиот риноконјуктивитис и астмата, лошото одржување на клима-уредот поретко може да предизвика и кожни промени, од сосема благи до многу интензивни. Причината е во создавањето мувла и грини во самите уреди и вдишувањето на алергените додека клима-уредот работи, велат алерголозите. Покрај алергените, вирусите и бактериите, треба да внимавате и на разликата во температурата помеѓу разладениот простор и надворешните високи температури. Имајте на ум дека разликата не би смеела да биде поголема од осум степени.

Од тој аспект клима-уредите им погодуваат на астматичарите и алергичните, бидејќи го филтрираат воздухот, па тие не доаѓаат во допир со нив. Препораката за чистење на клима-уредите е еднаш до двапати годишно ако живеете во поголем град или во позагадена средина, а чистењето исто така се однесува и за клима-уредот во автомобилите. Климата во автомобилот сервисирајте ја на секои две години.

Покрај легионелата, од клима-уредот можете да закачите и коксаки вирус. Овој вирус е познат како причина за болест на валканите раце, а може да се насели во вашиот клима-уред.

Симптомите на болеста се слични на обичната настинка, но со висока температура. Проблемот е што тешко се препознава и е многу отпорен и долго се задржува во организмот.

Бактеријата Legionella pneumophilla може да преживее тешки услови и температурни разлики од 0-60 степени. Може да се убие со висока температура (над 60 степени) и со хлор како и со ултравиолетова светлина.

Легионерската болест не ја пренесуваат луѓето тука водата

Легионелата не се пренесува од човек на човек туку преносител секогаш е водата. Се пренесува по пат на капки преку честичките на водата од клима-уредот, системот за загревање на водата и резервоарите за топла вода и фонтаните, ледоматите и слично. Легионелата ја лекуваат антибиотици, а смртноста е пет отсто. Порано смртноста од оваа бактеријата била многу висока, но благодарение на напредокот на медицината, денес смртноста изнесува пет отсто и е последица на компликации на оваа болест.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top