Home / нови лекови / Нов тест кој предвидува рак на дојка дури 10 години пред настанување

Нов тест кој предвидува рак на дојка дури 10 години пред настанување

Ракот на дојка е болест која сѐ повеќе зема замав и го нарушува женскот здравје. Сега тука е новиот тест со кој ќе може да се предвиди промени кои би довеле до рак на дојка дури 10 години пред настанување на болеста.

dojka-ae546e24Можноста да се предвиди дали некоја жена може да развие рак на дојките би спасила милиони животи, а научниците тврдат дека тоа е можно со новиот тест наречен ForeCYTE.

Станува збор за тест со кој од изводните канали на брадавицата на дојките со посебна пумпа би се извадиле клетки кои се ставаат на мембрана, се импрегнираат и се праќаат на анализа.

Со анализите на клетките може да се утврдат многу рани промени и да се преземат превентивни мерки за ракот на дојката, како што се почести прегледи или пак радикално отстранување на дојките наречено радикална мастектомија.

Ваквото тестирање, заедно со мамографијата би требало да биде стандардно при сите прегледи на дојки, а посебно за жените од 30 до 40 години кои имаат генетски предиспозиции за рак на дојките.

Портал.ком.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top