Home / алтернативна медицина / Јазикот е огледало на здравјето – точно покажува од што патите

Јазикот е огледало на здравјето – точно покажува од што патите

Јазикот е огледало на нашата личност и нашето здравје. На јазикот, како и на многу други делови од телото се наоѓаат нервни завршетоци на многу органи. Преку јазикот може да се забележи пореметувањето на здравјето од хронично до акутно. Ако јазикот има убав облик, розев, неиспукан и без наслаги на него, тогаш личноста е здрава и среќна.
jazikНекои од показателите на болестите:
– Ако јазикот е сув, тогаш станува збор за потешко пореметување.
– Ако јазикот е блед тогаш укажува на анемичност
– Ако има жолтеникава боја тоа укажува на пореметување на желудникот и црниот дроб
– Ако јазикот е син, тоа укажува на пореметување на срцето
– Ако на одреден дел на јазикот се наоѓаат наслаги или испуканост, тоа ќе укаже дека нешто со дел од органите не е во ред (токсини, пореметување на апсорпцијата)
– Ако јазикот е испукан на одредени места, укажува на хронично пореметување на овие органи.
– Ако на средината на јазикот, е испукана на одредени места, тоа означува дека најверојатно имате проблем со рбетниот столб.
– Ако целиот јазик е испукан тогаш станува збор за хронично растројство во целото тело или личноста доживеала некаков стрес во своето минато или пак живее во сиромашни услови со многу грижи.
– Ако јазикот трепери, тоа укажува на длабок страв, големи грижи или анксиозност
– Ако на врвот се појавува кафеав слој, тоа укажува на пневмонија

– Ако има испакнатини на врвот, тоа укажува на бронхитис или проблеми со дишните органи
– Ако имате брадавици на јазикот познати како папили и ако истиот е сув и груб на допир, тогаш станува збор за инфекција
– Ако вашиот јазик е покриен со жолтеникав слој, тоа значи дека имате проблем со варењето и болки во стомакот
– Ако имате појава на бел слој тогаш ста настинале, имате кашлица, бронхитис,  воспалено грло, додека црвениот јазик со оштетени папили е знак на воспаление на непцата
– Ако забележите ленти и линии на јазикот тоа значи дека вашиот нервен систем е сериозно компромитиран, додека оштетувањето на рабовите на јазикот укажуваат на токсични материи во црниот дроб и бубрезите

Сепак некои аномалии на јазикот може да се вродени или пак да се наследни – доколку забележите промени кои претходно не сте ги имале најдобро е да се посоветувате со лекар.

Хигиена на јазикот
Се препорачува нежно стругање на горната површина на јазикот во утринските часови со цел да се отстранат наносите кои се акумулирале во текот на ноќта. На овој начин слоевите на отровите, кои телото ги има исфрлено ќе бидат отстранети, а истовремено се прави масажа на многу важни органи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top