Веќе е познато дека работата во смени е голем фактор за зголемен крвен притисок, васкуларни заболувања и мозочен удар, но не беше утврдено како секојдневното менување на работното време , а посебно ноќната смена, влијае на здравјето на кардиоваскуларниот состав.
Тим од истражувачи и научници анализираше 34 студии во кои биле вклучени дури два милиони луѓе, пренесува Daily Mail.
Резултатите од истражувањето не се ни малку пријатни. Забележано е дека дури 17.359 случаи на коронарни болести, 6.598 срцеви удари и 1.854 мозочни удари се предизвикани од недостаток на крв во мозокот.
Работата во смени го зголемува ризикот од инфаркт за 25 проценти, а за добивање на коронарни заболувања за 24 отсто.
Сепак, најстрашно е да работите ноќна или трета смена, затоа што ризикот од коронарни заболувања се зголемува за дури 41 отсто.
Фармакологот од истражувачкиот центар во Лондон, Даниел Хакман, смета дека иако ризикот од ноќното работење е побрз пат кон смртта, но сепак, со редовна контрола на холестеролот и крвниот притисок, најлошото може да се избегне.
„Работниците кои работат ноќна смена треба добро да се едуцираат за кардиоваскуларните симптоми, како би ги отстраниле и најраните манифестации на болеста. Луѓето треба сами да се обидат да го намалат стресот, затоа што истиот го намалува мозокот, а тоа може да биде фатално за човекот“, изјави Хакман.
Хакман, според резултатите од некои истражувања кои ги спровел во 2007 година, смема дека кај жените кои работат навечер, зголемен е ризикот од добивање на рак на дојката. Истата година Меѓународната агенција за истражување на ракот заклучи дека работата во смени е сепак “канцерогена“.