Home / Болести и лечење / Никако не можете да ослабете, проверете ги хормоните – еве што е важно

Никако не можете да ослабете, проверете ги хормоните – еве што е важно

Слабеењето за многумина изгледа како доживотна тешка борба. Диетите со “јо-јо” ефект, купувањето и испробувањето безброј магични препарати за топење на килограмите и слични навики може да траат со години, без да дадат малку или ни толку успех.

Раширената мудрост за губење на килограмите се сведува на изедначување на влезот на калориите во телото и нивниот излез од телото, значи според принципот: ако јадеме малку – ќе слабееме многу. Но ова не е така лесно применливо за секого. На клиниката Functional Medicine, д-р Вил Кол ги истражува причините на човековата “отпорност” на губењето килограми. Еве седум потенцијални проблеми што секој човек би требало да ги земе предвид ако има проблеми со слабеењето.

Debljina_615796131Отпорност на лептин

Клетките на вашето масно ткиво не се само неугледни лелеави честички поради кои не ве собира повеќе облеката од лани, тие се интелигентен дел од вашиот ендокрин систем што го произведува хормонот лептин. Помеѓу другото, овој хормон е задолжен да му дава упатство на мозокот кога треба да ја складира телесната маст за да се создадат енергетски залихи. Отпорноста на лептин се случува кога телото не ги препознава вистинските сигнали и мисли дека цело време е изгладнувано, па затоа и складира повеќе масти.

Отпорност на инсулин

Исто како во случајот на лептинот, отпорноста на инсулин не е хормонално нарушување, туку еден од облиците на отпорност на хормони. Повеќето луѓе ја препознаваат отпорноста на инсулин во облик на дијабетесот од типот 2, но таа може да се најде кај многу луѓе што се уште целосно не ја развиле болеста и се наоѓаат во некој тип преддијабетична состојба. Значи, телото тогаш произведува инсулин, но не го користи на вистинскиот начин, што прави проблеми бидејќи станува збор за хормон задолжен за складирањето на мастите.

Надбубрежни жлезди

Надбубрежните жлезди се пар клучни играчи во ендокриниот систем. Една од нивните многубројни функции е производството на кортизол – хормон на стресот. Кога телото произведува премногу кортизол, може да дојде до задржување на прекумерната тежина. Д-р Кол задолжително го следи нивото на кортизолот во крвта на своите пациенти кога им помага во битката со килограмите.

Штитна жлезда

stitna zlezdaФункционалната штитна жлезда од многу причини е од пресудна важност, а една од нив е и способноста да се изгубат килограмите. Стандард е кога некој човек има проблем со слабеењето првенствено да се препорача преглед на оваа жлезда. Ако хормонот ТЅН е во нормални граници, лицето треба да јаде помалку, иако и во такви случаи можеби ќе треба да се проверат и други фактори, а не само нивото на ТЅН во крвта.

Естроген и прогестерон

Рамнотежата на естрогенот и прогестеронот е клучна за оптималното здравје на жената. Нерамнотежата на естрогенот е фактор што се јавува кај многу пациентки што се борат со килограмите. Следењето на месечното ниво на хормоните кај жената може да даде детален увид во овој комплексен фактор на здравјето и губењето на тежината.

Гастроентеролошки систем

Човекот не може целосно да го сфати губењето на килограмите ако не го разбира својот гастроентеролошки систем. Овој зачудувачки систем зазема околу 80 отсто на телесниот имунолошки систем и е дом за милијарди бактерии, кои заедно влијаат врз механизмот на губењето на килограмите.

Токсини

Токсините од животната околина или од производите што ги користиме во сопствените домови (а често и на телата) можат да имаат значајно влијание врз способноста за губење килограми. Ако е можно, треба да се направат и анализи на нивото на токсините во телото (особено за тешките метали).

Но, за жал, во повеќето случаи не постои брзо и едноставно решение за одржливо губење на килограмите. Дијагностиката и интегрираниот здравствен систем заедно може да влијаат на заднинските и меѓусебно поврзаните фактори, кои можеби ве оневозможуваат да ги изгубите вишокот килограми, без за тоа да бидете свесни.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top