Free songs
Home / Болести и лечење / Не си болен, само си жеден

Не си болен, само си жеден

Хроничната дехидрација на човечкото тело што ни се случува речиси на сите поради недоволното консумирање на оваа течност може да се манифестира на начини колку што има болести, тврди д-р Феридун Бастманжелиџ, граѓанин на САД, роден во Иран во својата книгата “Телото е жедно за вода”.

pijte-voda– Сепак, нема разумна причина десетици милиони луѓе од современото општество да бидат третирани со лекарства кога едноставно страдаат од обезводнување или дехидратација – пишува д-р Бастманжелиџ.

Најголемата трагедија во историјата на медицината, според мене, е сфаќањето дека сувоста на устата е единствен знак за потреба на телото од вода. Тоа погрешно уверување е одговорно за неразбирањето на различни здравствени проблеми, кои водат до предвремена смрт на многу милиони луѓе. Тие страдаат зашто не знаат дека се жедни”, тврди д-р Бастманжелиџ.

По завршувањето на медицинското образование, кое го почнал во 1950 год. во универзитетската болница “Света Мери” при лондонскиот универзитет, тој 22 години се занимавал со научни истражувања и пишувал за овие прашања.

drinking_water-300x200

Водата е многу важна за организмот за да биде сувоста на устата единствениот сигнал за нејзиниот недостиг. Човечкото тело дава многу сигнали за тоа. Тоа може да страда од тешка дехидратација без да има сувост во устата.Сувоста на устата е еден од најдоцна појавувачките индикатори за дехидрирање на телото. До појавата на тој индикатор за недостиг на вода многу деликатни функции на организмот се веќе подготвени за исклучување. Дехидрираниот организам ги губи совршенството на функциите и приспособеноста”, пишува Бастманжелиџ.

Дехидратацијата може да се пројави со тешки симптоми, доволни за животозагрозувачки кризи.

“Со стареењето го губиме чувството за жед и престануваме да пиеме доволно вода. Kако резултат на тоа клетките во важните органи се збрчкуваат, почнуваат да личат на сушена слива и не можат да го поддржат соодветно животот на тие органи”, пишува Бастманжелиџ.

Kога ќе почувствуваме сувост во устата, телото веќе има дефицит од 2 до 3 чаши вода. Ако ја заситите жедта со една чаша вода, недостигот од 2 чаши останува незадоволен. Тој кусок се зголемува со текот на годините.

симптоми  за дехидратација:

чувство на беспричински умор
зацрвенето лице
лесна раздразливост и прекумерна избувливост
чувство за напрегнатост
депресија
чувство на тежина во главата
нарушување на сонот (особено кај повозрасните)
неосновано нетрпение
кратко задржување на вниманието
недостиг на воздух
силна желба за кафе, газирани пијалаци и алкохол
сонување вода

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top