Истражувачи од еден американски универзитет изјавиле дека направиле промена која може да означи крај на проблемите со ќелавоста кај мажите.
На секој маж познато му е чувството кога нервозно се проверува на огледало дали ја изгубил косата.
За среќа, тоа би можело да биде минато благодарение на Медицинскиот истражувачки институт во Орландо.
Тие успеале да овозможат раст на влакната користејќи човечки матични клетки.
Експертите се надеваат дека оваа нова постапка ќе доведе до ефективна трансплантација на коса.