Home / нови лекови / Научниците на чекор до биолошки лепак за „поправка“ на органите

Научниците на чекор до биолошки лепак за „поправка“ на органите

Научниците направија вештачко ткиво кое би им помогнало на клетките и другите биолошки компоненти да се организираат на ист начин на кој органите самите тоа го прават по природен пат.

dnk-dnaПенг Џин, доцент на биолошките системи на институтот во Харвард и неговиот тим најдоа начин да ја програмираат ДНК-та за да дејствува како „лепак” што ќе ги поттикне коцките помали од зрно од сол да се соберат во поголема структура. Коцките може да биде програмирани да формираат носачи на клетките кои на крај би формирале органи. ДНК-та е составена од четири молекули наречени бази – аденин, гванин, цитозин и тимин, односно, А, Е, Ц и Т За да се спојат во познатата структура која наликува на извртени скала, молекулите ќе треба да се поврзат по специфичните ред – А се врзува со Т или Г се врзува со Ц.

Така, ако низата на базата на едната страна на „скалата” е АГЦТ, на другата страна мора да биде ТЦГА. Други комбинации не овозможуваат поврзување. Ова својство на поврзување ја прави ДНК-та совршен „биолошки лепак”. Знаејќи го ова, Институтот Вис ги покри коцките со хидрогел (гел на база на вода кој е компатибилен со човечкото тело) со специфични ДНК базни парови. Потоа ги ставија коцките во течен раствор со други молекули. Коцките се споија со компатибилните, односно со оние кои беа покриени со комплементарна ДНК.

Благодарение на оваа техника, научниците успејаа да создадат структура во форма на крст и квадрат, но, како што велат, нема причина да не успее и да не им појде од рака да формираат и посложени форми. Идејата е дека еден ден хидрогелот покриен со ДНК ќе се вбризгува кај пациентите кои имаат оштетени органи. Хидрогелот во тој случај би се распоредувал во адекватен облик и би ги привлекувал клетките да се „лепат“ за него и да го регенерираат оштетеното ткиво

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top