Секој ден треба да се мие главата со вода во која се вареле пченични трици. Откако косата ќе се потстриже а главата ќе се измие, треба да се измачка со пресечена главица кромид. Потоа се става следната облога:
Во еден сад се става една лажица чиста несолена свинска маст, на тивко растопена, малку сол, една лажица старо црно вино и неколку свежо набрани листови од бршлен.
Листовите од бршлен треба да се остават да киснат во смесата околу 15 минути, а потоа да се наредат на главата секаде каде што има краста. Главата треба да се завитка со крпи или завој, за да се фиксираат листовите, зошто треба да делуваат преку целата ноќ и цел ден (24 часа).
Ова лекување потребно е да се повторува се додека не отпаднат крастите, а тоа ќе биде за неколку дена. Пред секое менување на облогата, главата треба да се мие со вода од трици и вино.
Покрај ова, оној кој има красти на главата мора да избегнува лута храна и пијалоци. Најпогодни би биле чиста вода или боза, млеко или сурутка.
Кукурику.мк