Експерименталниот лек е тестиран за превенција само кај мајмуни, но тие целосно биле заштитени од заразување во двете истражувања чии резултати беа објавени на конференцијата за СИДА.

Сè додека не се најде вакцина, кондомите се најдобар начин да се спречи заразување со вирусот што предизвикува СИДА и нудат заштита од многу други сексуално преносливи болести. Меѓутоа, не сите користат кондоми, или барем не редовно, па службите за здравство почнаа да бараат други опции за превенција.
Лекот што се користи за лекување на луѓе заразени со ХИВ “трувада” на “Гајлид саенс”, исто така се користи за превенција од заразување кај луѓе што не се заразени со вирусот.