Free songs
Home / алтернативна медицина / Направете си сами систематски преглед за 60 секунди

Направете си сами систематски преглед за 60 секунди

1. Погледнете ги своите очи

samopregledБелката на очите може да открие многу за вашето здравје. Таа би требало да биде чиста, без црвенило.

Ако бојата се менува во текот на 1 седмица, тогаш постојат повеќе причини – недостаток на сон, иритација, алергија или напрегање на очите.

2. Погледнете ја четката за коса

Ако на четката по секое чешлање има повеќе влакна од нормалното, детално исчистете ја четката и следен пат пребројте го приближниот број на влакната кои ќе останат.

Да изгубите до 100 влакна дневно е нормално, но ако бројот е повисок од 200, време е да преземете некакви мерки. За почеток, задолжително посетете доктор.

3. Дувајте низ нос

Дувајте во едно бело марамче неколку секунди. Ако забележите течност со проѕирна боја, веројатно се работи за иритација, промена на температура или алергија.

Секоја останата боја на слузокожата од носот укажува на воспаление чие лекување е неопходно.

27399_mladez-foto-Shutterstock_iff4. Погледнете ги ноктите

Здравиот нокт е цврст, чист и проѕирен. Белите точки укажуваат на недостаток на витамини и минерали во организмот, додека жолтите дамки упатуваат на габични инфекции.

5. Погледнете го забниот конец

Чистењето со забен конец нека ви стане рутина и задолжително следете ги резултатите. Секоја обилна појава на крв на конецот е знак дека имате воспаление или инфекција.

Ако крварењето трае повеќе од минута, задолжително посетете стоматолог.

6. Погледнете ја урината

Нормалната урина има светло жолта течност, а доколку забележите потемна боја задолжително внесувајте повеќе течности. Темно жолтата урина укажува дека на вашето тело му е потребна хидратација.

Белата урина пак, најчесто е предупредување за некоја уринарна инфекција.

7. Прегледајте ја кожата

Застанете пред огледало, на дневна светлина и добро отворете ги очите. Сите необични промени, нови младежи и појавата на депигментација испитајте ги на стручен лекар.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top