Home / аларм / Голем ризик за средовечни: Се карате со партнерот – ризикувате прерана смрт

Голем ризик за средовечни: Се карате со партнерот – ризикувате прерана смрт

Истражувачки тим од Универзитетот во Копенхаген пресметал дека постојаните кавги меѓу партнерите, роднините и пријателите го зголемуваат ризикот од смртност за два-три пати повеќе од нормалното.

Загрижените  сопруги можат да го удвојат ризикот од предвремена смрт на мажите на средна возраст во споредба со оние на кои им се посреќило со смиреност во домот.

kavgaСтресот од постојаните расправии со роднини , пријатели и соседи , пак, можат тројно да го зголемат ризикот .

„Мажите изгледаат особено ранливи од срамот и барањата што произлегуваат од нивните жени ” – вели д -р Рике Лунд од универзитетот на Копенхаген.

Најранливи вакви групи, со ризик за прерана смрт, пренесува Би-би-си, се мажи и невработени. Студијата вели и дека занимавањето со грижи и барања од потесното семејство исто така е поврзано со поголем ризик на смртност. Македонските научници објаснуваат дека истражувањето е логично и додаваат дека колку што се влошени или се заоструваат социјалните и економски услови, толку сме во фаза често да се караме.

Претходните истражувања покажуваат дека луѓето со високо ниво на анксиозност (напнатост со црни мисли, исчекување дека нешто лошо ќе се случи) и големо побарување од партнерите и децата, како и оние што често се расправаат со блиски членови на семејството, имаат повеќе ризик од срцеви заболувања и мозочни удари. Последните студии велат дека добрата социјализација и широкиот круг на пријатели имаат позитивно влијание на здравјето.

Во овие студии истражувачите велат дека психолошките реакции на стрес, како високиот крвен притисок и зголемениот ризик (на срце и крвни садови) од кардиоваскуларни болести го објаснуваат зголемениот ризик од смрт.

Студијата вели дека мажите реагираат на стресните ситуации со зголемено ниво на кортизол, што може да го зголеми ризикот за влошено здравје. Индивидуалноста и умеењето човекот да се справи со стрес играат голема улога во тоа колку стресот ќе се одрази на здравјето.

Најранливи се оние кои не работат . Невработеноста го зголемува негативното влијание на стресни социјални односи.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top