Home / нови лекови / Направена програма која предвидува кога ќе умреме- 90% е сигурна

Направена програма која предвидува кога ќе умреме- 90% е сигурна

Научници од Универзитетот Стенфорд направиле вештачка интелигенциоја која со сигурност од дури 90 проценти може да предвиди кога пациентот во болница ќе почине.

Иако се звучи прилично контроверзно, тим на научници тврди дека нивната работа драстично може да ја подобри грижата за пациентите кои се на смртна посетал, како и да помогне на нивните семејства, пишува „Дејли Меил“.

Точното предвидување кога личноста би можела да умре, би им пружила можност на болниците да им ги исполнат последните желби на пациентите, како и да се направат сите важни разговори со семејството пред да биде касно за тоа.

Тимот на научници објаснува дека во реалниот живот постојат големи несогласувања околу тоа дека пациентот сака да живее до самиот крај на животот и за тоа како сето тоа завршува.

Судејки според податоците кои научниците од Стемфорд ги собрале, дури 80% од американците би сакале своите последни денови да ги поминат дома, но дури 60 % од нив на крајот умираат во болница.

Научниците собрале податоци од околу два милиони пациенти за да направат длабока невронска мрежа.

– Би можеле да направиме предвидлив модел користејќи собрани податоци од болниците, кои потоа би ги споредиле со внимателно експерименталните истражувања, изјави Ананд Авати, докторант на компјутерски науки во Лабараторијата за вештачка интелигенција при Универзитетот Стенфорд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top