Home / природен лек / Најздравата намирница во светот – бадеми

Најздравата намирница во светот – бадеми

Иако се смета дека спаѓа во групата јаткасти плодови, бадемот (lat. Prunus amygdalus) всушност е член на групата костенести овошја.

Во таа смисла, бадмот е близок сродник до сливата, вишните, кајсиите и праските.

bademi2Бадем – ризница на витамини и минерали

Бадемите се корисни и здрави намирници, кои содржат голем дел од дневните препорачани количини на витамини, минерали, влакна и аминокиселини.

100 грама бадеми содржат 22 грама јаглени хидрати од кои 12 грама диетални влакна, што е 49 отсто од потребните влакна дневно.

Бадемите се одличен извор на минерали и витамини. Во 100 грама бадеми има:

– 140% од препорачаната дневна количина на манган

– 75% магнезиум

60% бакар

50% фосфор

130% витамин Е

51% рибофлавин (B2)

Превенција од срцев удар

bademiБадемите се богати со мононезаштитени масни киселини. Тоа е тип на киселина која ја наоѓаме во маслиновото масло и која е важна за превенција на срцев удар.

Повеќе студии потврдиле дека секојдневната конзумација на бадеми доведува до намалување на ризикот од срцев удар меѓу 30 и 45%.

Според истражувањата, ако ги исфрлите дел од нездравите, заситени масти од месото и млекото и ги замените со одговарачка количина на корисни маснотии од бадемите, ризикот од срцев удар се намалува за 45%.

Контрола на шеќер во крвта

Неколку истражувања се направени со цел да се утврди влијанието на бадемот на нивото на шеќер во крвта.

Постојаното хранење со таков тип на намирници е еден од причинителите за дијабетис и дебелина. Истражувањата покажаа дека конзумацијата од 60 до 90 грама бадеми дневно го корегира наглото покачување на шеќер во крвта.

Антиоксиданси во бадеми

Денешниот нездрав начин на живот во организмот создава слободни радикали. Тие во последно време се познати како причинители на се повеќе болести, па и оние најтешките – малигни. За да ја намалите количината на слободни радикали и штетата кои тие ја нанесуваат, потребни ви се антиоксиданси. Витаминот Е е еден од оксидансите кои ќе ви помогнат во тоа, а бадемот содржи голема количина на тој витамин.

Во 100 грама бадеми има дури 131 % од потребите на организмот за витамин Е дневно.

Лековито дејство на бадемот:

Badem– Штити од мозочен и срцев удар

– Го регулира нивото на шеќерот во крвта

– Ја подобрува работата на нервниот систем

– Го намалува нивото на лошиот холестерол

– Ја подобрува мозочната функција

– Штити од слободни радикали

– Помага во слабеењето

– Го спречува настанувањето на камен во жолчката

– Одличен извор на протеини, здрави масти, витамини и минерали

Рецепти

bademovo-mleko

Бадемово млеко

Бадемовото млеко е одличен и здрав напиток, особено ако имате проблем со лактозата од кравјото млеко

Состојки: 1 чаша бадеми 4-5 чаши вода, малку мед и агава сируп, по желба

Подготовка:

Бадемите оставете ги натопени во вода преку ноќ. Наутро исцедете ги и ставете ги во блендер. Додајде вода и блендирајте се додека бадемите не се иситнат скроз. Сето тоа добро процедете го и засладете го по желба.

Масло од бадем

maslo-od-bademiМаслото од бадем лесно се прави, но ќе ви треба малку трпение

Ставете 1-2 чаши бадеми во блендер. Можете да додадете и лажичка или две маслиново масло и малку сол. Целата постапка трае 10-12 минути, па така повеќе пати ќе треба да го исклучувате и вклучувате блендерот.

Мелете го бадемот се додека не добие структура на масло.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top