Home / нови лекови / Најнови истражувања за рак на дојка

Најнови истражувања за рак на дојка

Кадмиумот може да го зголеми ризикот за рак на дојка

list_cancer_san_geneКадмиум – токсичнен метал кој може да биде присутен во храната, како школки, коренест зеленчук, изнутрици и житарици – може да го зголеми ризикот од рак на дојка, според едно истражување во март 2012 објавено во списанието Cancer Research.

Со испитувањето биле опфатени 56.000 жени. Истражувачите биле во можност да анализираат колку кадмиум секоја жена конзумира врз основа на храната богата со кадмиум која ја користи во нејзината исхрана. Тие откриле дека оние кои конзумираат најмногу кадмиум имале 21 отсто повисок ризик за рак на дојка, во споредба со оние кои конзумирале помалку кадмиум, изјавила Catherine Pearson од The Huffington Post.

Сонот може да влијае на ризикот за рак на дојка

Шест или помалку часа спиење може да го зголемат ризикот од рекурентен рак на дојка кај постменопаузални пациентки со рак на дојка, според една студија во списанието Breast Cancer Research and Treatment. Сепак, оваа поврзаност не била забележана кај пременопаузални пациентки со рак на дојка.

Наодите сугерираат “дека недостатокот на доволно спиење може да предизвика повеќе агресивни тумори, но повеќе истражувања ќе треба да се направат за да се потврди ова откритие и да ги разбереме причините за оваа поврзаност,” истражувачот во студијата Cheryl Thompson, Ph.D. вели во соопштението.

Мажите со рак на дојка имаат полош одговор

26179e937090f96530638ecd8c6d3910Мажите се со помала веројатност да добијат рак на дојка отколку жените – но кога тоа ќе се случи, тој е често посмртоносен, според една студија презентирана претходно оваа година на состанокот на American Society of Breast Surgeons.

The Associated Press објавил дека мажите дијагностицирани со рак на дојка, живеат, во просек, две години помалку отколку жените кои се дијагностицирани со рак на дојка, а исто така се со поголема веројатност да имаат рак на дојка кој се шири, имаат поголеми тумори кога ракот е откриен и се дијагностицираат подоцна.

Вариола вирусот може да биде третман кој ветува

Вариола вирусот се чини дека ветува против формите на рак на дојка кои тешко се третираат, наречени тројно-негативен рак на дојка, според една студија на глувци презентирана на 2012 Annual Clinical Congress на American College of Surgeons.

“Врз основа на патологијата, можеме да видиме дека најмалку 60 отсто од туморите целосно регресираа, а другите 40 проценти имаа многу малку области на туморски клетки презентирани со многу некроза, што е знак дека туморот дава одговор на терапијата“,се вели во соопштението на истражувачот во студијата Dr. Sepideh Gholami, M.D., од Stanford University Medical Center.

ABC News истакнале дека овој вид на рак на дојка е многу тешко да се третира, бидејќи тој не одговора на други хормонални или имунолошки третмани.

Работа во смени може да влијае на ризикот од рак на дојка

cancer-sanРабота во ноќна смена е поврзана со зголемен ризик од рак на дојка, според две различни студии кои излегле во 2012 година. Една од нив, објавена во списанието Occupational and Environmental Medicine, покажала дека ризикот за рак на дојка се зголемил кај жени кои работеле во ноќна смена повеќе од двапати неделно, со ризик да биде највисок кај оние кои изјавиле дека се “утрински луѓе” наместо “вечерни луѓе.”

The Toronto Sun објавил дека резултатите од оваа студија ги потврдиле наодите на International Agency for Research on Cancer, кој има листа на фактори и навики кои може да предизвикаат рак. IARC ја смета работата во смени “веројатно канцерогена”.

Друга студија, објавена во International Journal of Cancer, покажала дека ризикот за рак на дојка е 30 проценти повисок за жените кои работат во ноќната смена, со особено јасен ризик меѓу оние кои работат на ноќни работни места четири години или оние кои работеле во ноќна смена три или помалку ноќи неделно.

Големината на градите може да биде поврзана со ризик од рак на дојка

Гените кои помагаат да се одреди големината на градите на жената, исто така, можат да бидат поврзани со нејзиниот ризик од рак на дојка, според една студија објавена претходно оваа година во списанието BMC Medical Genetics.

Истражувачите ги испитувале генетските податоци на 16.000 жени за да откријат дека седум ДНA варијации, наречени единечни нуклеотидни полиморфизми (SNP), се чини дека се поврзани со големината на градите – и три од овие SNP се знае дека се поврзани со ризикот на лицето за рак на дојка, изјавила Catherine Pearson од The Huffington Post.

Прекумерната тежина е поврзана со најлоша прогноза за рак на дојка

Прекумерната тежина може да доведе до полоша прогноза за рак на дојка, според една студија објавена во списанието Cancer.

Поточно, студијата покажала дека дебелите жени кои биле третирани за рак на дојка имаат поголем ризик од повторна појава и смрт, изјавиле од NBC News.”Дебелината се чини дека носи повисок ризик од повторување на рак на дојка и смрт – дури и кај жени кои се здрави во времето кога биле дијагностицирани и покрај фактот дека тие ја добиле најдобрата достапна хемотерапија и хормонска терапија,” изјавил за NBC News истражувачот во студијата Dr. Joseph Sparano, вонреден претседател на медицинска онкологија во Montefiore Einstein Center за заштита од рак.

д-р Дарко Стојановски за Доктори.мк

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top