Акните на грбот се релативно чест проблем со кој се справуваат подеднакво и жените и мажите. Постојат повеќе причинители за нивната појава, а некои од виновниците се потта, хормоните, лекарства…
Овие акни се незгодна појава, која често може да биде и болна, а и секако не изгледаат воопшто убаво.
За среќа постојат домашни лекови со кои можете да го исчистите вашиот грб и да ги отстраните акните еднаш за секогаш:
1. Јаболков оцет
На грбот нанесете јаболков оцет, кој претходно ќе го разблажите со вода. Најдобро е лекот да го користите барем 2 пати неделно. Откога ќе поминат првите 2 седмици после користењето, лекот нанесувајте го во однос 50/50, односно половина вода и половина оцет. Доколку имате чувствителна кожа, мешајте го оцетот со повеќе вода.
2. Мед и шеќер
Елиминирајте ги мртвите клетки на кожата и другите нечистотии кои можат да ви ги затворат порите со помош на пилинг од мед и шеќер. Помешајте еднаква количина на шеќер и мед, а потоа нежно нанесете го на зафатените површини, а најдобар начин да го правите тоа е додека се туширате. Почекајте лекот да се впие во кожата, а потоа измијте го. Овој домашен лек се нанесува 2 пати неделно.
3. Домати
Изгмечете еден домат и кашата нанесете ја на местата каде што имате акни. Оставете го да делува половина час, а потоа измијте ја кожата со ладна вода. Маската од домат исто така нанесувајте ја 2 пати седмично.
4. Цимет и сок од лимон
Во мал сад комбинирајте 3 кафени лажички свежо исцеден сок од лимон и една кафена лажичка цимет во прав. Нанесете тенок слој директно на акните и оставете го да делува 1 час, а потоа измијте го со ладна вода. Лекот се применува еднаш неделно.
Покрај овие 4 природни лекови, важно е да се придржувате и до следниве работи, за да го решите проблемот што побрзо:
- Секогаш носете памучна облека.
- Избегнувајте газирани пијалаци.
- Секојдневно менувајте ги чаршафите на креветот.
- Ако е возможно, избегнувајте да спиете на грб.
- Консумирајте што повеќе овошје и зеленчук.
Црнобело