Free songs
Home / Болести и лечење / На минус 20 и кожата може да се откорне или до мрзнатини кои водат до ампутација

На минус 20 и кожата може да се откорне или до мрзнатини кои водат до ампутација

Внимавајте, и кожата од прстите може да се откорне допирајќи квака на автомобил или друг метален предмет на поларните температури, кои ја зафаќаат Македонија. Многу е важно да внимавате да не ви се наводенат нозете или рацете кога престојуваат надвор на студено, зашто тогаш многу полесно се добиваат смрзнатини по телото, најчесто на екстремитетите, поради кои може да дојде и до ампутација.

 Опасност од смрзнатини ги демне особено алкохоличарите, кои исто така не ги чувствуваат екстремитетите и затоа не може да утврдат дека им студи, децата и постарите со нарушена циркулација на крвта, кај лица со Рајнадова болест, како и дијабетичарите

Доколку вашата кожа е многу ладна, изгледа бело или сиво-жолтеникаво, и е цврста или изгледа како да е полиена со восок, вие можеби имате смрзнатина.

Кожата исто така може да ве чеша, гори или да е без сензибилитет. Како што вашата кожа ќе се затоплува таа ќе станува црвена и болна.Постепено затоплување на кожата е клучен третман за лекување на смрзнатината. Делови од телото кај што има најголема веројатност да се јават смрзнатини се рацете, нозете, носот и ушите.

Еве што треба да превземете

– Заштитете ја вашата кожа од понатамошно смрзнување. Ако сте надвор заштитете ги вашите раце со нараквици. Заштитете го лицето, носот и ушите. Не ја тријте зафатенате регија и не ја тријте со снег.

– Издржете и не ги ставајте рацете во џебови. Наместо тоа, најприродно замавнувајте со нив додека чекорите. На тој начин мускулите на рацете ќе работат, ќе ја подобрите циркулацијата и рацете ќе ви бидат потопли.

– Тргнете се од ладното. Откако ќе влезете во затворен простор отстранете ја влажната облека

– Постепено загревајте ги смрзнатите делови. Ставете ги рацете или нозете во топла вода (40-42 Ц). Замотајте ги, или покријте ги зафатените делови со топло ќебе. Не користете директен извор на топлина, како печка, греалица, камин…

– Немојте да одите ако смрзнатината е на нозете или прстите. Ова предизвикува понатамошно оштетување на ткивото.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top