Free songs
Home / аларм / Мусли: Здрав појадок или измама?

Мусли: Здрав појадок или измама?

Едно време, муслите беа омилена храна на многу спортисти, но потоа почнаа да кружат приказни дека овој тип на појадок не е баш најздрав.

musliКолку пати сте се прашале дали муслите дебелеат или не? Зошто по 100 грама од оваа храна останувате сити? Мислењата се поделени. Од тврдења дека се работи за здрава макробиотска храна, до убедување дека се работи за сложени јаглени хидрати кои дебелеат.

Мусли со јогурт/млеко се идеален оброк за оние со нормална телесна тежина.

Зависно од видот на муслите, варира и неговата содржина. Мешавината од житарици во комбинација со кокос, зрнесто овошје, суво овошје, семки, претставува здрава комбинација на белковини, масти и јаглени хидрати. Ваквиот избалансиран оброк дава енергија, но и го снабдува органзимот со потребните витамини и минерали.

Од друга страна, шеќерите ја зголемуваат неговата енергетска вредност, поради што големата количина на муслите содржат и голем број на калории. Сувото грозје е богато со шеќер и тоа фруктоза и глукоза, поради што е добар извор на енергија, но и вишок на енергија, односно шеќери и масти.

Секако, не треба да му се намалуваат позитивните придобивки. Иако муслите се природно богати со многу вредни нутритиенти, тие се идеални намирници за збогатување со витамини, пробиотици, пребиотици и прехрамбени влакна.

Муслите се препорачуваат за превенција и терапија на кардиоваскуларните болести, висок крвен притисок и проблеми со системот за варење.

За да уживате во нив без грижа на совест и оние со вишок килограми, треба да конзумираат мусли од цело зрно и без додатоци на шеќер. Секогаш треба да се обрне внимание на составот (одлучете се за еден вид житарки) и не повеќе од 100 грама по оброк, ако сакате да изгубите тежина.

Vistina.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top