Free songs
Home / природен лек / Како да го намалите холестеролот

Како да го намалите холестеролот

Холестеролот е липид кој нормално се наоѓа во нашето ткиво и е потребен за нормална работа на организмот. Меѓутоа, помалиот дел од него се наоѓа во крвта. Ако се насобере на површината на крвните садови, може да дојде до зачепување или намален проток на крвта. Ново истражување укажува на природен лек против овој штетен процес.

jogurt-300x211Резултатите покажале дека вкупниот холестерол во плазмата е намален во групата испитаници кои примале пробиотички бактерии. Значи оние кои на почетокот имале повисоко ниво холестерол, по внесувањето на пробиотици имаа намалено ниво холестерол.

Во системот за варење на човекот живеат различни видови на бактерии. Бактериите кои го населуваат гастроинтестиналниот генерално земени може да бидат позитивни за општото здравје на човекот, но некои од нив се одговорни за предизвикување на инфекции и болести.

Се верува дека доколку се консумира храна која содржи пробиотички бактерии, количеството односно популацијата на „добрите“ бактерии во организмот се зголемува за извесно време со што ќе се доведе организмот во здрава состојба.

Некои од продуктите кои сега се продаваат наречени се симбиотски, затоа што содржат пробиотички бактерии (probiotic bacteria) и пребиотички шеќери. Ваквите продукти ја стимулираат продукцијата на корисните за организмот бактерии кои се внесени со исхраната, но и на оние кои се резиденцијални во организмот.

Фрукто – олигосахаридите (Fructo-oligosaccharides) се пребиотички шеќери кои најчесто се користат во гореспоменатите симбиотички продукти.

Живите микроорганизми кои спаѓаат во пробиотички бактерии го подобруваат здравјето на својот домаќин, но нарушувањето на флората на бактерии во организмот може да биде и опасна.

Затоа пред да се користат вакви производи, најдобро е да се консултира лекар.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top