Ракот на дојка е еден од најголемите стравови на жените. Тешко ќе се најде човек кој не познава жена која боледувала од него или починала од страшната дијагноза. Психата тешко прифаќа дека градите што ги пораснале нашите деца може да предизвикаат болест, дури и смрт. Но, многу често слушаме разни приказни за оваа болест и рачни начини за тоа како да ја откриеме навреме болеста доколку се појави. Еве ги десетте најчести митови за ракот на дојка и фактите што ги побиваат:
Мамографот е штетен
Мит 1: Посебна проверка на градите е најсигурниот начин да се забележи болеста Висококвалитетниот мамограф е најсигурен начин да се открие ракот на дојка. Мамографот е во состојба да го забележи развојот на ракот уште пред жената да почувствува присуство на грутка. И бидејќи с` повеќе жени прават мамограми (во последните две години две третини од жените над 40-годишна возраст се подложуваат на ова испитување), во повеќето случаи се дијагностицира болеста во раните стадиуми и на тој начин се спречува. Лекарот може да препорача да се направи и нуклеарна магнетна резонанција (НМРИ) ако ткивото на градите е особено густо или ако жената имала импланти, како и ако мамограмот открива сомнителна област. Сепак, самостојните проверки на градите не се бесмислени – според статистиката ,токму така се откриваат околу 25 отсто од случаите на рак, при мамограми процентот е околу 35, а кај комбинацијата меѓу двете се покачува до 40 отсто.
Мит 2: Ракот е наследен
Иако семејната историја навистина е фактор, всушност околу 80-90 отсто од жените со рак на дојката се први во своите семејства. Околу 10-15 отсто од случаите може да се генски, а една третина од нив се должат на наследени генски мутации – БРЦА 1 (ген 1 на ракот на дојката) и БРЦА 2 (ген 2 на ракот на дојката). Овие мутации најчесто се среќаваат во одредени етнички и географски групи – на пример, источноевропските Евреи, Скандинавците, Холанѓаните и Исланѓаните. Ако некој од вашите роднини, особено мајка ви или сестра ви, развила рак на дојка пред да наполни 50 година, е поверојатно да имате некои од овие гени, но тоа не значи дека навистина ќе се разболите. Жените со генски модификации имаат тенденција да развијат рак на дојката пред својата 50-годишна возраст. Препорачливо е тие да почнат да прават мамограми и по потреба НМРИ на возраст од 30 години. Жените без висок ризик треба да започнат со проверки на 40-годишна возраст.
Мит 3: Контрацепциските таблети предизвикуваат рак на дојка
Истражувањата не утврдиле поврзаност помеѓу апчиња за контрацепција и ракот на дојката. Во претходните студии биле користени таблети со повисока концентрација на хормони (естроген и синтетички прогестин) отколку што обично се препишуваат сега. Други студии, но недоволно истражени, сугерираат дека претераното консумирање таблети навистина може да се влијае на зголемениот ризик. Последното и најтемелно истражување, чии резултати се објавени во 2007 година, исто така не открива зголемен ризик за развој на болеста кај оние што консумирале контрацептивни таблети. Но жените со фамилијарна историја на болеста треба да се консултираат со лекар дали овие лекови би го зголемиле ризикот кај нив.
Мит 4: Исхрана со маснотии
Научниците с` уште не пронашле врска меѓу ракот на дојката и консумирањето храна со висока содржина на масти, иако неколку истражувања укажуваат и на ова како можна опција. Но, од друга страна, пак, кај жените што влегле во менопауза е откриен слабо зголемен ризик отколку кај оние што консумираат исхрана што содржи маснотии. Резултатите јасно го поврзуваат ракот на дојката само со прекумерното дебелеење по менопаузата.
Мит 5: Многу овошје и зеленчук ќе помогне да се заштитите од повторна појава
Многу научни истражувања сугерираат дека консумирањето многу овошје и зеленчук може да обезбеди некаква заштита од развивање рак на дојка. Други истражувања, пак, покажале дека жените што имаат вообичаен прехранбен режим по победата на ракот и оние што го зголемиле консумирањето овошје и зеленчук не се разликуваат значително. По неколку години од излекувањето, ракот може да се повтори и кај едните и кај другите. Сепак, антиоксидансите во овошјето и зеленчукот во целина го намалуваат ризикот од развој на многу хронични болести, вклучувајќи и некои видови рак.
Мит 6: Ако не сум го наследила генот на ракот на дојката, нема да се разболам
Околу 5-10 отсто од случаите на рак на дојката се последица на генски мутации. БРЦА 1 и БРЦА 2 се најчестите, но има барем уште шест други кои се можни да се случат. Жените со измени во овие гени се подложни на поголем ризик од развој на рак на дојка или на јајчниците. Ако сте над 50 години и немате рак на дојка, шансите да имате генски мутации се пониски (но не и нула). Ако жена од вашето семејство ги имала и двата вида рак – и на дојка и на јајчниците или имала рак и во двете гради, е поверојатно да имате наследно измена на гените. Случај со рак на дојката кај маж во семејството исто така е предуслов да се смета дека имате генски модификации. Истражувањето за присуство на генетски модификации е обичен тест на крвта. Резултатите се добиваат по неколку недели и задолжително треба да бидат проследени од специјалист.
Мит 7: Превентивната мастектомија ветува дека нема да се развие болест
Превентивната мастектомија е процедура што им се нуди на жените од поризичните групи за да се намали ризикот од рак на дојката. Хирурзите ја отстрануваат едната или двете гради и го истражуваат ткивото. Кај носителите на БРЦА 1 или БРЦА 2-измени ризикот од појава на рак на дојката може да е од 40 до 80 отсто. Ако вие и вашиот лекар одлучите да пристапите кон мастектомија, тоа може да го намали ризикот за 90 отсто. При оваа хируршка интервенција ткивото се повлекува во насока на вратот, пазувите и кон градниот кош. Никој не може да гарантира дека целото ткиво од градите е отстрането и затоа секогаш постои оној минимален ризик од појава на рак. Дури и да се решите да направите мастектомија, состојбата треба да се следи редовно од лекар.
Мит 8: Секоја осма жена е изложена на ризикот
За жал, оваа погрешна статистика е често цитирана. Ова би можело да биде статистички приближно точно ако се земе предвид животниот век да е 85 години. Но, не значи дека една на секои осум жени има или ќе има рак на дојката. Само ако сите жени живеат до 85-годишна возраст, една на осум би можела да развива рак на дојка. Просечниот животен век на жените е помалку од 85 години и затоа ризикот од болеста е 8 отсто (односно околу 1 на 12 жени). Смртната последица од ракот на дојката е помал во споредба со другите видови канцер.
Мит 9: Не правам мамограм бидејќи тоа може да предизвика рак
Некои истражувачи и пациентки се загрижени од тоа дека изложеноста на радијацијата од мамограмот може да го зголеми ризикот од рак на дојката. Овие проблеми се врз основа на информациите за 1 дополнителен случај на рак на дојката на секои 10.000 мамографски процедури. Истражувањата навистина покажуваат дека ткивото на градите е почувствително кон ефектите на зрачењето најчесто кај помладите жени. Но повеќето онколози сметаат мамограмите се безбедна процедура со предности кои далеку ги надминуваат недостатоците. Мамограмите користат екстремно ниски дози радијација, кои се во утврдените нивоа на безбедност. Има изобилство докази дека мамограмите спасуваат живот преку раното откривање на болеста.
Дневник