Free songs
Home / алтернативна медицина / Моќта на лековитата кал во Дојранското Езеро

Моќта на лековитата кал во Дојранското Езеро

Дојран (друго име Полин, Поленин, Полјанин) е историски град во југоисточниот дел на Република Македонија на брегот на Дојранското Езеро, којшто бил разурнат во Првата светска војна, кога броел дури 18. 000 жители. Денес името Дојран го носат три населби разместени околу Дојранското Езеро.

Дојранско Езеро со својата лековита кал

dojransko_ezero_so_svojata_lekovita_kal_(19)Дојранското Езеро се протега на површина од 43.1 квадратни километри, од кои 27.3 ѝ припаѓаат на Македонија, а 15.8 на Грција. Езерото има елипсовидна форма, со должина од 9 км и широчина од 7 км. Тоа важи за ентропско езеро, благодарение на интензивното создавање органска материја. Неговата богата и разновидна флора и фауна, го прават природно богатство, не само кај нас, туку и во целиот свет. Тоа е плитко езеро, со најголема длабочина до 10 метри.

Езерото е надалеку познато по лековитата кал, која помага во лекувањето на некои кожни заболувања, болки во зглобовите, артритис, бронхитис и слично. Оние на кои не им пречи нејзиниот мирис на школки и алги, можат слободно да ги пробаат нејзините благодати, дури и ако немаат никакви заболувања. Препорачлива доза е 7 дена мачкање по ред, еднаш до два пати дневно. Дојранчани со векови наназад веруваат дека големиот војсководец Александар III Македонски, ги носел своите војски во Дојран на бања, да се одморат и закрепнат во благопријатната кал.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top