Free songs
Home / алтернативна медицина / Мистериозен лек за многу болести – тајните на чудесниот МУМИО

Мистериозен лек за многу болести – тајните на чудесниот МУМИО

Мумио го нарекуваат старо тајно оружје против болестите, го нарекуваат уште и планинска крв, планинска солза и со уште неколку слични имиња. Потекнува од Сибир, а може да се пронајде во карите и пештерите каде што пчелите некогаш имале свои гнезда пред повеќе од илјада години

mumioНајдобро може да се каже дека мумио – фосилизиран мед, восок и матичен млеч, кој е под влијание на временските услови, настанал онаков каков што денеска може да се пронајде. Мумио содржи ретки амино киселини и посебни минерални масни киселини. Се извезува од Русија каде што до пред неколку години бил забранет затоа што е третиран како национално богатство.

Мумио е добар против стареењето и се користи како балзам за мозокот и телото, а исто така се користи и за воспалени места, се користи како антибиотик, анти реуматик и може да ги балансира хормоните. Помага при фрактури на коските и исто така делува на леукотици и на хемоглобинот во крвта.

Рецепти за Мумио
Складирање
5 грама мумио и пола литар виски или вотка може да го сочува лековитото дејство засекогаш.
3 грама мумио да се помеша со 250 грама мед, да се стави под јазикот пред спиење е најдобар начин да се конзумација. Природното потекло на овој древен еликсир не се открива до ден денешен. Од дамнешен период истиот се користел за лечење на најразлични болести, па потоа паднал во заборав, за да потоа интересот за него повторно да се појави во наше време. Ренесансата како еликсир започнала во Африка, во арапскиот свет и на Блискиот исток.

M3361S-3034Неговите имиња се различни, но исто така и многу индикативни. Арапите го нарекле „аракул-џаба“, односно „планинска пот“ или „мумион“. Исто така е присутен и називот „харс-ал-аџесу“, што значи „она што го чува телото“, или едноставно добил назив под името „тит“ што во превод значи восок. Во Персија секогаш преовладувало името „Мумио“ што значи „заштитник на организмот“.

На Бурманците им изгледало како планинска крв, што во оргинал претставувало „брагшун“, додека на домородците на Сибир како „карпеста нафта“, или само „нафта од камен“. Некои автори се обиделе да го објаснат името мумио со зборот „муми“ кои што означувал меко како восок и „оин“- име на иранско село, каде што овој еликсир е пронајден.

Класичната источна медицина го дели мумио на „мумио салаџиди“ – црна смолеста маса без мирис, и „мумио дороби“ – темна костенеста боја и карактеристичен мирис. И двата вида можат да се најдат во Централна Азија, над 2800 метри надморска височина Мумио се наоѓа на карпестите предели, во пештери или песочен глинест варовник. Најбогатите места се покриени со зимзелени дрвја.
Во принцип, мумио не може да се најде на предел понисок од 1500 метри надморска височина и во голема мера се наоѓа на непристапни места. Годишното производство во Централна Азија изнесува околу два тони.

prod-113
Во народната традиција мумио се споменува како балзам кој има чудесна исцелителна моќ со мистериозно потекло. Науката потврдува дека тоа е органски, а материјалот за негово создавање би можело да бидат микроорганизмите кои ги има во тие подрачја, кај животните и нивните екстремитети како и кај некои видови на растенија.
На големите надморски височини, каде што воздухот е сиромашен со кислород каде што има силни ветрови, каде што температурните разлики се драстични и каде што има зголемено електромагнетно зрачење, на суви и светли области, микроорганизмите кои ги разложуваат органските останки немаат големо делување.

Во такви услови биомасите од животинско или растително потекло, неразложени со време мумифицираат и се стврднуваат во недостаток на влага или во нејзино присуство стануваат течни. Најкратката дефиниција е дека мумио е производ кој е под силно влијание на природни и хемиски природни феномени.

Според местото на исчезнување и појавување има неколку типови на мумио.

mumio1-Едни се создадени во процесот на мумификација или бавно распаѓање на телата на животните или инсектите.
-Мумио формиран од смола која е извлечена од корењата на дрвата, кои се мешаат со земјата и се таложи по карпите, по што има карактеристичен смолест мирис и изглед.
-маса добиена од анаеробно распаѓање на растенијата.
-мумио создадено од стврднат измет на мали живтони и диви кози.
-мумио кое потекнува од медот и восокот на дивите пчели.
-минерално мумио кое се наоѓа на највисоките планински гребени, каде што не постојат растенија или животни, формирани од минерали од дејството на микроорганизмите.

Бојата варира од црна преку темно кафена како на костен. Мирисот е лут и горчлив. Мумиото е делумно растворливо.
За него имале напишано голем број на лекари и секој од нив имал своја теза за своето потекло и состав. Се уште не е позната неговата природа и потекло, што го отежнува процесот на негова примена во медицината и фармакологијата.

MUMIO_MINERALИнтересно е како успеал еден истражувач во средна Азија да го открие ефектот од мумио.
На една кокошка и била скршена ногата, тој земал 0,5 грама мумио го помешал со масло од црвени рози. Ливчињата од роза ги натопил во вода, по што смесата ја ставил да зоврие. Водата испарила а останатото масло го процедил со газа. Дел од оваа смеса и ја преврзал околу ногата на скршеното место, а дел и капнал во грлото на кокошката. Вчудоневидувачко е како во рок од само 24 часа коската зараснала. Некогаш истиот ефект се добивал и за помал период.

Модерната медицина потврдува дека фрактурите на коските можат да се излечат за двапати побрзо доколку се користи мумио. Во последните триесет години голем број на студии и истражувања се во корист на позитивната акција во третманот на заболувањата на периферниот нервен систем, тешките случаи на тригеминална невралгија и некои болести на централниот нервен систем мумио може да се користи при лекувањето и на желудникот и дванаесетпалачното црево.

Кај тромбофлебит на вените кај долните екстремитети се користи само 0,3 грама еднаш во десет дена. Од податоците добиени од медицинскиот стоматолошки институт се гледа дека мумио помага во корекција на имунолошкиот систем на човекот. Заболените од инфекционо алергиска бронхијална астма, кај кои е откриен дефицит на Т-системски имунитет, добивале по 0,15 грама мумио два пати на ден во период од 15 до 20 дена. По завршувањето на лечењето се воспоставило дека Т-ќелиите во крвта се приближно на нормалата. Постојат докази и дека мумио го забрзува процесот на регенерација на мускулите, коските и нервното ткиво и крвта.

Share Button

One comment

  1. Dali go ima po nasite apteki i da ne znaete kolku cini

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top