Home / бабини рецепти / Масло од лук – чудотворен лек за болки во уво

Масло од лук – чудотворен лек за болки во уво

Дали знаевте дека добар процент од ушните инфекции се предизвикани од вируси? А, инфекцијата предизвикана од вирус нема да реагира на антибиотици.Всушност, телото обично ќе се исцели само, а вирусната инфекција сама ќе се повлече.
Целта на третманот со вирусна ушна инфекција е олеснување на симптомите, како болка, надразнетост и вознемиреност кои можат да бидат многу непријатни, а најчести се кај деца во претшколска возраст.

luk i masloЕден од најефективните природни лекови за болка во уво поврзано со ушна инфекција е масло од лук.

Својствата на лукот вклучуваат, но не се ограничени на употреба како антисептик, антивирусен и антибактериски агенс.Кога се подготвува лук за употреба во овој рецепт, важно е да купите лук кој е од македонско производство, ситен, розев и со нееднакви чешниња.Секако ова масло можете да го употребувате не само за воспаление на уво, туку и за третман на акни, херпес, опаѓање на коса и сл.

Воспаление и болка во уво:

Со помош на капалка, ставете неколку капки од маслото во болното уво и останете во таква положба 5-10 минути. Повторете ја постапката барем 3 пати во текот на денот.

Детален рецепт за подготовка на лекот на следниот линк –  www.somelikeitraw.mk

  1. Најпрво убаво излупете го лукот од лушпите, и истолчете го  во аван.
  2. Ставете ја смесата во мало тегленце и дополнете со маслиновото масло.
  3. Оставете ја теглечката на светло место, но не на директно сонце околу 24 до 48 часа.
  4. Убаво процедете, и како такво маслото чувајте на ладно и темно место

www.somelikeitraw.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top