Формулата потекнува уште од средновековна Европа и делува како антибиотик. Овој лек има силна антивирусна и антигабична формула, но исто така ја подобрува циркулацијата на крвта и лимфите во сите делови од телото. Одличен е и против кандида. Тајната е во моќната комбинација
Потребни состојки:
- 700 милилитри свеж јаболков оцет
- 40 грама ситно исечкан лук
- 40 грама ситно исечкан кромид
- 2 лути пиперки
- 40 грама рендан ѓумбир
- 2 лажици рендан рен
- 2 лажици куркума во прав или 2 парчиња корен од куркума
Измешајте ги сите состојки во чинија, освен оцетот. Смесата префрлете ја во тегла, каде што 2/3 од неа ќе бидат исполнети со сувите состојки, а останатата третина дополнете ја со оцетот. Затворете добро и протресете. Чувајте ја теглата на ладно и суво место 2 недели. Во тој период протресувајте ја неколку пати дневно. Откако ќе поминат 14-те дена, процедете ја течноста низ газа. Тоникот не треба да се чува во фрижидер.
Не го разблажувајте во вода, бидејќи на тој начин ќе го намалите неговиот ефект. Земајте по 1 лажица секој ден со цел да го зајакнете вашиот имунитет. Зголемувајте ja количината секојдневно, со максимална доза од 1 мала чаша дневно.