Home / нови лекови / Македонците ќе можат да се спасат од рак на желудник

Македонците ќе можат да се спасат од рак на желудник

Нов софистициран апарат за испитување на бактеријата хеликобактер пилори, која се смета за предизвикувач на ракот на желудник, доби Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија во Скопје. Вредноста на апаратот е три милиони денари.

helikobakter-300x193– Тоа е бактерија која се јавува кај огромен број од популацијата. Во светски рамки е некаде околу 50 проценти од популацијата, а во Македонија е нешто над таа вредност, а испитувањето за бактеријата треба многу често да се прави, изјави Тодоров.

Дијагностиката во Македонија, додаде, најчесто се правеше преку крв, некогаш и со поинвазивни методи како гастроскопија, но тие се или инвазивни методи или со помало ниво на точност. Точноста на испитувањето преку крв, рече Тодоров, е некаде до 60 проценти, а со овој апарат точноста е од 95 до 98 проценти.

– Очекуваме овој апарат да има сериозна примена во Клиниката, имајќи го предвид бројот на пациенти на кои им е потребна оваа дијагностика. Очекуваме по ставање во систем на апаратот, ваков апарат да набавиме и за другите здравствени центри во земјата бидејќи тој не може да ги покрие сите потреби за вакви испитувања, рече Тодоров.

Испитувањето на овој апарат ќе се прави откако ќе биде дијагностицирано присуството на бактеријата со други методи и била дадена терапија, со цел да се утврди дали терапијата била успешна.

Апаратот е веќе приклучен и во првите две недели ќе се врши негово калибрирање по што се очекува да биде ставен во функција и преку системот Мој термин” ќе може да се закажуваат пациенти.

Хеликобактер пилори е бактерија која главно се внесува преку уста, односно фекално-орален пат на контаминација. Може да се пренесе преку некој што е веќе заразен, преку нечисти раце и недоволно подготвена храна, консумација храна или течност од иста чаша, односно чинии… Чисти раце се добра превенција да не дојде до оваа појава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top