Free songs
Home / нови лекови / Нова вакцина излечи три бебиња заболени од ХИВ

Нова вакцина излечи три бебиња заболени од ХИВ

Три бебиња се излечени од ХИВ вирусот откако ја примиле новата револуционерна вакцина неколку часа откако дошле на свет.

vakcini-grip-300x261Четвртото дете кое исто така примило вакцина имало помало ниво на вируси после третманот. Откритијата се објавени на AIDS 2014 конференцијата во Мелбурн и до сега се најголемиот напредок во борбата против ХИВ вирусот.

„Во овој момент лекарите не знаат дали бебињата целосно се излечени бидејќи не знаат дали ХИВ ќе се врати. Возбудени сме бидејќи сега знаеме дека постои можност доколку лицата ја примат вакцината во раниот период, ќе бидат излечени. Некои луѓе, околу 10 одсто од нив, кои исто така примиле вакцина порано, сега повеќе не користат лекови и нивниот вирус е под контрола. Сепак ова подрачје треба уште многу да се истражува. Најдобриот начин бебето да се излечи од вирусот е мајката да се лечи во текот на бременоста“, рече директорот на AIDS 2014 конфернцијата Шерон Левин.

Бебето кое примило вакцина во Мисисипи во 2010 година, официјално е прогласено за ислечено во 2013 година. Бебето добило три антиретровирусни тераписки лекови со тоа што првата вакцина ја примило кога имало само 30 часа. После 29 дена вирусот веќе не бил во телото на бебето.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top