Home / нови лекови / Македонци пронајдоа систем за спречување на инфаркт (Видео)

Македонци пронајдоа систем за спречување на инфаркт (Видео)

Систем за дијагноза на неправилности во срцевата работа – ова е иновативното решение на кое работат четири млади научници од Македонија, пишува Канал 5

Алесандар Ристовски, Ана Гушева, Александар Стојменски и Пано Гушев пред камерите на канал 5 го објаснуваат начинот на кој ќе работи системот. дијагоностицирањето започнува со поставување на нослив сензор под левата града, кој овозможува континуриано следење на работата на срцето по принцип на електрокардиографија.

makedonci infarktАнализите од сензорот преку блутут се испраќаат до мобилниот телефон на пациентот а оттаму преку интернет се препраќаат до т.н. пресметковен центар.

„ Во тој пресметковен центар е инсталиран агент кој со помош на вештачка интелигенција го анализира сигналот односно ја симулира работата на кардиологот во дијагностицирање на состојбата на пациентот. се работи за агент со вештачка интелигенција кој умее да процени дали настанале критични промени во срцевата работа. – изјави Александар Ристовски.

Доколку се детектира некаква неправилност на срцевата работа, системот алармира до дежурна медицинска служба, која веднаш интервенира кај пациентот.

„Научно е докажано дека два часа пред да се случи инфаркт може да се увидат промени во срцевата работа и потоа постои прозорец од 4 часа по случениот срцев удар каде што со соодветна медицинска помош би се спречило трајна штета на срцевото ткиво, тоа остава прозорец од 6 часа каде што би можело да се интервенира“.  – изјави Александар Ристовски.
Пано Гушев ги објаснува предностите на овој систем во споредба со веќе постоечките.

„ Предност кај нашиот сензор е тоа што е нослив сензор кој лесно се прикачува на телото на пациентот, нема кабли и не ги попречува секојдневните активности. друга предност е што не нудиме само сензор туку и целосна услуга за пациентот односно постојан мониторинг на работата на срцето од страна на дежурни служби кои што доколки нешто настане го алармираат докторот и тој има можност да прати итна служба“. – изјави Пано Гушев.

Во однос на цената тимот вели дека ќе биде пристапна за сите пациенти, сензорот ќе се купува еднократно, додека пак мониторинг услугата ќе се наплатува месечно.

Корист од системот ќе имаат и пациентите на кои може животот да им се спаси, но и лекарите.

„За пациентите спасен живот, навремено реагирање, за лекарите – обично пациентите одат на ЕКГ кое што трае неколку минути и имаат краток увид во работата на срцето а на овој начин имаат постојано континуиран увид и врз основа на тоа можат подобра дијагноза да дадат исто така и овие статистички податоци можат да ги користат за свои истражувања“. – изјави Ана Гушева.

На чело на тимот е професорот Марјан Гушев, а соработка имаат и со надворешни експерти.

Проектот е кофинансиран од фондот за иновации. во моментов се уште е во фаза на развој и разработка, но за кратко време тимот очекува да премине и во втората фаза кога ќе се тестира функционалноста на системот. за целите на проектот предвидена е и соработка со една од најреномираните болници во земјава „Филип Втори“.

Инаку според статистиките во Македонија кардиоваскуларните болести се најчести заболувања во земјава и водечка причина за смртност во земјава.

Младите научници веруваат дека со нивното иновативно решение ќе се сменат ваквите состојби и значително ќе се подобри раната дијагноза и навремената интервенција не само на срцевите удари туку и на останатите неправилности во работата на срцето, како исхемија и артимолошки нарушувања.

Video – Kanal5

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top