Home / сведоштва / Мајчиното млеко е свето, прочитајте ја оваа херојска приказна

Мајчиното млеко е свето, прочитајте ја оваа херојска приказна

Марија Кристенсен, 25 годишна мајка од Данска, се соочила со предизвикот да надои и спаси напуштено бебе.

Со сопругот и тригодишниот син Лука оделе накај аеродром во Турција. Се што било во нивните мисли била желбата да се вратат безбедно во нивниот дом во Данска. Но додека таксито се движело по улицата, тие приметиле нешто што не можеле да го игнорираат.

Марија вели:

Newborn baby - heel prick testСедевме во таксито, кога на десната страна забележавме нешто. Имаше мал розов врзоп во вреќа, надвор од патот.

Семејството го замолило возачот да го запре возилото. Надвор темепратурата била 40 степени Целзиусови.

Парот се приближил и кога се наближиле до розовиот врзоп виделе дека во него има новородено девојче, кое било старо само еден ден.

Мајката на бебето го облекла во розови алишта и го завиткала во ќебе. Марија вели:

Таа беше навистина жешка, побрзав да ја внесам во колата и побарав од возачот да го вклучи клима уредот. Но во неа немаше живот.

Сопругот на Марија донел студена вода и се обидел да го разлади бебето, но тоа не реагирало. Одеднаш, Марија добила идеја. Таа била во 31-ва недела од бременоста и веќе имала лактација. Го запрашала возачот дали смее да го надои бебето (заради различните културолошки правила за доење во јавност). Кога добила потврден одговор, Марија се обидела да го надои бебето.

Поминало некое време, но малото бебе почнало да цица. По кратко време живнало, имало живот во нејзините очи. Таа се уште била крвава и имала хартија на папочната врвца.

Марија вели дека тоа што го надоила бебето и било целосно природно. Она што и било тешко било кога бебето требало да го превземе службата за социјална грижа.

Марија кажува:

Всушност се прифатив прилично добро, се додека не требаше да ја дадам. Чувството кога ја давав воопшто не беше добро. Таа се разбуди и ме погледна во очите.

Малото девојче било дадено на посвојување.

На почетокот Марија не сфатила дека му го спасила животот на малото девојче. Но сега кога е дома во Данска, таа сфатила колку витално значење имала нејзината способност да може да го надои малото бебе за да го одржи во живот.

Навистина е за восхит колку брзо и со љубов реагирала Марија и покрај фактот што бебето било родено од друга жена, во друга замја. Нејзиното мачино млеко спаси живот, а тоа е навистина света работа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top