Home / бабини рецепти / “Лут“ крем против болки во мускулите, рамениците и грбот

“Лут“ крем против болки во мускулите, рамениците и грбот

Ве боли вратот, грбот или рамениците од седење? Имате болка во мускулите? Направете ја наједноставната но мошне ефикасна крема против вакви болки. Тајната се крие во лутите пиперчиња кои содржат капсацин, кој го дава лутиот вкус, а истата состојка се наоѓа и во кремите за болки во мускулите, кои ги купуваме во маркетите и апотеките.

kremЗа да го направите овој крем ќе ви треба лута пиперка, чили,  (само семките) и какао путер.

Извадете ги семките од пиперката. Во стаклена тегла додадете го какао путерот и ставете ги семките па добро измешајте.

Со мешавината мачкајте ги нозете и рацете ако имате воспаление на мускулите, болки во вратот, рамениците или грбот. Ќе почувствувате топлина, а болката ќе исчезне.

Рацете измијте ги после употребата на кремот и не допирајте ги очите, носот и устата или други чувствителни делови од телото, бидејќи ќе почувствувате болна жештина.

Во оваа мешавина можете да додадете и етерични масла од пеперминт и еукалиптус.

popara.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top