Понекогаш, едноставно се случува имунитетот да опадне, мастите да се зголемат, а железото и хемоглобинот да се под нормалните граници.
Што да правите, како да ја вратите вашата крвна слика во нормалните граници?
Во продолжение, ви препорачуваме еден многу едноставен рецепт кој може да ја обнови и подобри вашата крвна слика.
Потребни состојки:
- 1 килограм цвекло
- 1 килограм моркови
- 1 килограм јаболки
- 4 лимони
- 250 грама мед
Подготовка:
Во еден сад изрендајте ги сите состојки. Додатете го сокот од исцедените лимони и промешајте.
Оставете смесата да одстои 24 часа. По 24 часа, смесата процедете ја низ стерилна газа.
На исцедената смеса додадете и го медот и мешајте додека не добиете еднаква смеса. Смесата сместете ја во тегла и чувајте ја во фрижидер.
Секое утро на празен желудник изедете по неколку лажички од оваа вкусна и многу здрава смеса.