Home / алтернативна медицина / Лицето е огледало на здравјето

Лицето е огледало на здравјето

Кога ќе забележите оток, сува кожа и темни кругови на лицето, имајте ја на ум оваа мапа, бидејќи вашата кожа се обидува да комуницира со вас и да ви ги открие проблемите на внатрешните органи…

bore-licu-otkrivaju-puno-ozbiljniji-problem-slika-41742

Методот кој се нарекува мапирање на лицето со векови се користи како начин за дијагностицирање во Кина и Индија. Сите симптоми на кожата како акни, насип, црвенило, хиперпигментација или пори се поврзани со одредени делови од телото и помагаат да се открие прилината за нивното настанување.

Зона 1 и 2: Систем за варење

Избегнувајте преработени намирници и наместо нив одлучете се за свежа и природна алтернатива. Јадете бавно и зголемете ја консумацијата на влакна. Не заборавајте да пиете многу вода.

Зона 3: Црн Дроб

Намалете ги алкохолот, цигарите, масната храна и внесувањето на млечни продиводи, се што создава притисок на црниот дроб. Ова е зона од лицето на која што се појавува алергија од храна. Пијте многу вода за организмот да се исчисти од токсините и спијте доволно.lice-650x325

Зона 4 и 5: Бубрези

Сите појави околу очите укажуваат на дехидратација, решението е вода, затоа пијте, пијте и пијте.

Зона 6: Срце

Укажува на хипертензија и дефицит на витаминот Б, проверете го притисокот и надокнадете го недостатокот од витамини. Обидете се да избегнете премногу зачинета храна и да го намалите внесувањето на месо. Намалете го нивото на холестерол така што лошите масти ќе ги замените со добри, кои се наоѓаат во оревите, авокадото, рибата. Поминете време на свеж воздух.

akni liceЗона 7 и 8 : Бубрези

Укажува на проблемите со бубрезите и дехидратација, затоа намелете ги алкохолните пијалоци и кафето, бидејќи тие доведуваат и понатаму до дехидратација.

Зона 9 и 10: Респираторен систем

Оваа област е поврзана со плуќата. Избегнувајте прегреани простории, јадете храна која има ефект на ладење. Листата на забранети намирници ја сочинуваат месото, млечните производи, алкохолот, кофеинот, шеќерот, додека се препорачува многу зеленчук.

Зона 11 и 12: Хормони

Ова е подрачје поврзано со стресот и хормонските промени. Обезбедете го вашето тело со доволно сон, пијте многу вода, јадете овошје и одржувајте ја вашата кожа беспрекорно чиста. Уште еден интересен факт – промените на овој дел од лицето се јавуваат во периодот на овалуација.

Зона 13: Стомак

Зголемете го внесувањето на влакна и пијте билни чаеви што го олеснуваат варењето.

Зона 14: Болест

Промените во оваа област се јавуваат како знак на болет, затоа одморајте, пијте вода, најдете начин да се опуштите и наспиете. Дозволете му на своето тело да ги врати енергијата и виталноста.

Ова е одличен начин да го слушнете телото, меѓутоа, како и кај сите медицински прашања, секогаш е најдобро да отидете на лекар кој ќе ви постави правилна дијагноза. Овде станува збор за опуштен водич кој што укажува на извор на проблемите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top