Home / Болести и лечење / Летни кожни инфекции – како да ги лекувате

Летни кожни инфекции – како да ги лекувате

Алергија
Како да ја препознаете:
Кај некои луѓе може да се јави алергија од сонцето која се манифестира со црвенило,чешање и изгореници (црвени плочки) со различни големини.

alergiiЛицата осетливи на ваквата реакција треба постепено да се изложуваат на сонце , со задолжителна заштита од него. Пепарати кои можат да помогнат се оние богати со бета каротин, кои треба да се земаат два месеци пред изложување на сонце, во дози што ќе ви ги препише дерматолог.

Лекување:
Во полесните случаи можат да помогнат антихистаминици. Доколу реакцијата е бурна и тешка се приемнува фото-терапија (терапија на контролирано изложување на вештачки ултравиолетови UVE зраци под контрола на дерматолог).
Се спроведува во клиники или поликлиники кои ги имаат уредите за таков вид на терапија.

Фитофотодерматитис
Како да го препознаете:
Во текот на летото често се доаѓа во контакт со билките, кои можат да го предизвикаат фитофотодерматитисот.
Се појавува црвенило пропратено со чешање и печење на местата кои стапиле во контакт со билката (трева, лимон, кантарион). Симптомите постепено можат повеќе да се изразат со појавување на големи меури.

alergijaЛекување:
Се лечи со кортикостероидни, неутрални масти пропратени со антихистаминици и тоа под контрола на дерматолог.
Како последица често остануваат темни флеки. Многу лекови се фототоксични во комбинација со сонцето и предизвикуваат егземични реакции.
Треба да се посоветувате со лекарот пред да одите на летување.

Дерматитис како резултат на потење
Како да го препознаете:
Зголеменото потење може да доведе до црвенило и печење на кожата, и тоа на нежните места како (пазувите, препоните и под градите). Ваквиот дерматитис уште е познат и под името интертригинозен дерматитис. Поради влажната средина и иритирањето на кожата на овие места многу брзо се развиваат габите од родот кандида.

Лекување:
Во теапијата секогаш се користи комбинација на антимикотни и кортикостероидни масти. Детската пудра може да ја спречи појавата на непријатни симптоми заради кои луѓето многу често одат кај дерматолог.

Атлетско стапало
Како да го препознаете:
noze kurje okoКај некои луѓе атлетското стапало се јавува на табаните и помеѓу прстите на нозете. Сиптомите се црвенило со белкасто влажни наслаги и пукање на кожата. Овие симптоми се јавуваат кај стапала кои многу често се потат или оние кои многу често се во патики.
Во земените брисеви на промените, присуство на габички нема.

Лекување:
Болеста се лечи со антимикотични креми и раствори во обилни количини (клотримазол, миконазол, екоконазол, циклопирос-оламин). Користете ги еднаш или два пати дневно во траење од четири до пет недели. Со облик на сува кожа се користи повеќе од шест до осум недели. Кај овој облик потребно е и системско лечење тоа е со антимикотици во облик на таблети. Во секој случај лечењето мора да трае, и по две недели откако е излечено. Кај инфекцијата помеѓу прстите важно е да ги раздвоите со стерилна газа, најважно е стапалата да бидат суви. Ако во случај настане инфекција тогаш користете и антибиотици.

Габички на грбот
Како да ги препознаете:
Зголеменото потење го предизвикува и развојот на бројни габички, кои инаку живеат на нашата кожа во многу мали количини (сапрофити), што доведува до појава на дамки со различни големини и обоеност. Најпрвин се цревни или кафени, а со текот на времето габичките со својата киселина го оштетуваат пигментот и создаваат светли полиња.

Лекување:
Терапијата се спроведува под контрола на дерматолог, а губитокот на пигментот исчезнува по повторно појавување на сонце.

Габички
kurje oko2Како да ги препознаете:
Летните базени покрај тоа што се извори на забава се и места на кои можете да заболите од габични инфекции кои ја зафаќаат кожата на табаните или ноктите од нозете. Габичните инфекции бараат дерматолошки третман во кој ги вклучува и културните габички. Резултат се чека две до три недели.

Лекување:
Доколку резултатите се позитивни, во терапијата се вклучуваат антимикотици, локално во облик на масти или системски во облик на таблети. Лекувањето тра две до три недели на кожата од стапалата, а на ноктите од ногата три до четири месеци.

Последици од хлорот
Во текот на капењето во базени, кожата е изложена под влијание на хлорот, кој силно ја суши кожата. Најчесто на врвот од прстите на рацете и нозете, пропратено со лупење на кожата. Хлорот ја оштетува и кожата на петите, која по честото капење имаат потреба од интензивна нега. Од делувањето на сонцето, ветерот, солот или хлорот, оштетувањата видливи се и на косата која станува сува и кршлива, затоа потребна и е поголема нега. И, тоа спрејови во вид на масло во текот на денот или крема за нега на коса која содржи UV заштита.

Дехидрација на кожата
Сонцето, ветерот, солот или хлорот предизвикуваат и дехидрација на кожата по цело тело.
Па, затоа кожата во летниот период бара посебна нега, односно примена на средстава за туширање во вид на масло и средстава со ознака “apres soleil” наменети за интензивна нега на кожа по престој на сонце.

Како да се справите со летните инфекции?

Покрај задолжителната заштита на кожата од сонцето и штетните UV зрачења во летниот период, важно е да се посвети внимание и на другите делови од нашето тело изложени на летни инфекции. Прочитајте ги овие совети на Stil magazin:
Честопати забораваме дека очите не се отпорни на штетното сончево зрачење. Последица од тоа може да биде заматување на видот или катаракта. Најефикасна заштита се квалитетните очила за сонце кои штитат од UVA и UVB- зрачење и имаат антирефлексни стакла.

oko33Високите температури им годат на бактериските инфекции на очите.

Овие инфекции се случуваат на лето, бидејќи луѓето многу повеќе се потат и почесто ги допираат очите со рацете кои не се секогаш чисти. Всушност, инфекцијата е предизвикана од бактериите кои се наоѓаат во очите. Исто така, кога се поминува подолго време во климатизирани простории очите стануваат посуви и подложни на инфекции. За да ги освежите очите, можете од време на време да користите вештачки солзи.

Капењето во базен
Пливањето истовремено го разладува и одржува телото во добра форма, но не смееме да ги заборавиме можните ризици на кои сме изложени во водата. Докторите предупредуваат на опасноста од хлорот и препорачуваат носење очила за пливање во базен. Хлорот ги надразнува очите, ја намалува нивната отпорност и може да биде предуслов за добивање очни инфекции.

Што треба да се прави?
Во случај ако црвенилото, солзењето на очите, отокот и другите непријатности во пределот на очите не се намалат во рок од два-три дена, препорачливо е да го посетите докторот. По испитувањата, тој ќе ви препише средство кое ефикасно ќе ја отстрани инфекцијата. Немојте да се лечите на своја рака, ниту да ја одложите посетата кај докторот надевајќи се дека ќе помине сама од себе, бидејќи ризикувате трајно оштетување на видот.

Инфекција на ушите
uvo bolkaИнфекцијата на ушите најчесто се појавува на лето, предизвикана од бактерии присутни во нечиста вода за капење. Инфекцијата најчесто се создава низ повредена кожа на каналот од различни бактерии и габички. Тоа може да се случи од капење во нечиста вода, чепкање на ушите, нехигиена на работното место…Во текот на капењето во базен, слушниот канал е директно изложен на нечиста вода. Како последица на тоа, може да дојде до воспалување на увото. Првиот симптом се манифестира како болка која се чувствува сè посилно како што болеста напредува. Понекогаш се појавува секрет од увото, зголемена температура и наглувост.

Што да направите?
Несоодветното лечење може да доведе до компликации и да прејде во хронична форма на болеста. Лечењето се состои од локална нега на заболеното уво, антибиотска терапија и забрана увото да се навлажнува. За да се спречи да дојде до воспаление, се препорачува користење на заштитници при капењето.

Инфекции на устата
usta-ispukana2Изложувањето на сонце може да доведе до пукање на устата, нејзино избелување и создавање на тврда кора која се лупи. Таа состојба може да биде плодна подлога за создавање на инфекција. Како превентива, се препорачува користење на балзам со заштитен UV- фактор. Не постојат карактеристични летни инфекции на забите, но може да дојде до активирање на веќе постоечките хронични инфекции.

Тоа се случува бидејќи изложувањето на сонце го намалува имунитетот, поради што може да се активираат присутните инфекции. Пред да одите на летување, не се препорачуваат сериозни интервенции на забите, иако луѓето честопати пред да одат на одмор ги поправаат забите. Корисно е редовното контролирање на забите. Може да се поправи помал степен на кариес, но не се препорачуваат посериозни интервенции.

Канал77

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top