Free songs
Home / природен лек / Капиново вино – моќен лек кој можете да го подготвите сами

Капиново вино – моќен лек кој можете да го подготвите сами

Сигурно веќе имате слушато за капиновото вино. Тоа е напиток за кој е малку да се каже дека е лековит. Тоа е еликсир на здравјето, содржи моќни состојки кои можат да го ревитализираат и да го нахранат секој дел од вашето тело. Ако се’ уште не знаете како да го подготвите прочитајте ја статијата која следува…

list-wine-kapini-vino-01За што се’, може да користи капиновото вино?

– Капиновото вино е лек за анемија, зголемени триглицериди и холестерол, опаднат имунитет и намалена општа здравствена состојба. Одлично е за прочистување на крвта, лекува кожни заболувања, го подобрува расположението и го ревитализира телото. Ова се доволно добри причини за да пробате и вие да го приготвите…

Рецепт за капиново вино – Потребно е да набавите 5 килограми капини, кои ќе ги ставите во еден поголем сад. Откако ќе ги измиете добро и сместите во садот започнете со притискање т.е. гмечење на капините. Најдобро е тоа да го направите со раце. Откако добро ќе бидат изгмечени во капините додадете 1,5 килограми шеќер.

Потрудете се садот да не биде полн до врв туку да има неколку центиметри отпразност. Садот прекријте го со газа и оставете го на ладно место.

list-wine-kapini-vino-02По десет дена отстранете го прво густиот дел кој ќе се собере на површината со лажица, а течноста процедете ја преку газа.

Откако ќе ја процедите течноста, ставете ја повторно да стои уште десетина дена. По тој период течноста е потребно повторно да се процеди и истата да се флашира во стаклени шишиња. Шишињата затворајте ги со газа, не со плута, бидејќи ќе пукнат. Така треба да останат уште месец дена па потоа можете да им ставите плута.

Начин на употреба

– Пијте секое утро и секоја вечер пред спиење по 100 мл од овој напиток. Доколку сте анемични, терапијата со капиново вино практикувајте ја 3 месеци редовно, а потоа направете контрола. Капиновото вино е одлично за сите возрасти без разлика дали имате или немате некаков здравствен проблем, тоа е добра превенција од многу заболувања, вклучувајќи ги и кардиоваскуларните и малигните.

Точка.ком.мк

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top