Free songs
Home / нови лекови / Лекување леукемија на кинески начин

Лекување леукемија на кинески начин

Кинески лекари успешно и безбедно излечиле пациенти со леукемија и рак на коскената срж, комбинирајќи арсеник и витамин А, потврдува најновата студија објавена во Хонг Конг.

Научниците ја давале терапијата на група од 85 болни и ги надгледувале во просек од 70 месеци. Кај 80 пациенти дошло до целосно излекување и лекарите не пронашле никакви несакани ефекти на функцијата на срцето и бубрезите.

leukemija3-630x392“Две години по терапијата, пациентите и понатаму имаа арсеник во крвта и урината, но во дозволените граници”, се наведува во истражувањето. Научниците наведуваат дека терапијата била ефикасна и делувала подобро од вообичаените лекови.

Авторите на студијата нагласуваат дека ваквата терапија би требало да се дава само на пациентите со одредени видови на леукемија и рак на коскената срж.

Иако стручњаците верувале дека А-витаминот е добар додаток за со некоја терапија, прв пат се користи на овој начин и на подолг период.

Од 18-от век, состојките на арсеникот се користат како медикамент. Американското министерство за здравје ја одобри употребата на арсеникот за лечење на пациентите со рак на коскена срж и леукемија веќе од 2000-та година.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top