Free songs
Home / природен лек / Леќата го намалува нивото на холестеролот во крвта – еве што се друго лечи

Леќата го намалува нивото на холестеролот во крвта – еве што се друго лечи

Од витамините, леќата е богата со витамин Б1 и Б9, а од минералите содржи големи количини на железо, магнезиум, фосфор, манган, цинк и калиум.

lekja

Преставува мало и силно средство за намалување на нивото на холестеролот во крвта, пред се благодарение на големото количество на диеталните влакна кои ги содржи, како растворливи, така и нерастворливи. Во исто време е одлично средство против запек како и во превенцијата на пореметување на варењето на храна како што е дивертикулоза и синдром на надразнати црева. Одлично го одржува нивото на шеќерот во крвта, што е битно за луѓето кои се заболени од дијабетес. Леќата има големо влијание за намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

Леќата спаѓа во групата на мешункасти растенија, а заради богатството од протеини, е добра замена за месо. Има околу 40 сорти на леќа, кои ги разликуваме според бојата (кафеава, зелена и црвена), големината и обликот.

Леќата е позната како многу вреден енергетски продукт. Богат извор на витамин Б6, фосфор, магнезиум, железо и цинк. Високата содржина на витаминот Б6, ја прави леќата поволно да делува на нервниот систем, а голема содржина на железото ја прави леќата, да биде корисна во спречувањето на слабокрвност. Лековити својства од црвената леќа:

leka1. Намалување на холестеролот – Леќата помога да се намали холестеролот во крвта, бидејќи содржи високо ниво на растворливи влакна. Намалувањето на нивото на холестерол го намалува ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар со одржување на артериите чисти.

2. Здравјето на срцето – Неколку студии покажале дека конзумирањето на леќа го намалува ризикот од срцеви заболувања. Леќата е одличен извор на фолна киселина и магнезиум, кои се големи придонесувачи на здравјето на срцето. Фолатите го намалуваат високото нивото на хомоцистеин, сериозен фактор на ризик за срцеви заболувања. Магнезиум го подобрува протокот на крв, кислород и хранливи материи во телото. Ниското ниво на магнезиум се директно поврзани со болести на срцето.

3. Дигестивен систем – Нерастворливите диетални влакна кој се наоѓаат во леќата помагаат да се спречи запек и други дигестивни нарушувања како синдром нервозно дебело црево и дивертикулоза.

lekja34. Стабилизирање на шеќерот во крвта – Многуте придобивки од растителни влакна, растворливи влакна и јаглехидрати, се забавување на варењето и стабилизирање на шеќерот во крвта. Ова може да биде особено корисно за оние со дијабетес, инсулинска резистенција или хипогликемија.

5. Протеини – Од сите мешунки и ореви, леќата е на трето ниво на протеини. 26% од калориите од леќа се припишуваат на протеини, што ги прави прекрасен извор на протеини за вегетаријанците и веган.

6. Ја зголемува енергијата – Леќа поради големото количество на влакна и сложени јаглехидрати, овозможува бавно согорување на енергијата. Таа е исто така добар извор на железо, кој пренесува кислород низ телото и е клучна за производство на енергијата и метаболизмот.

7. Намалување на телесната тежина – Иако леќа ги вклучува сите овие корисни хранливи материи како растителни влакна, протеини, витамини и минерали, таа содржи многу малку калории и практично нема маснотии.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top