Home / природен лек / Лек за сите болести на белите дробови – сируп од тегавец

Лек за сите болести на белите дробови – сируп од тегавец

Сеедно е дали сирупот од тегавец е направен од машкиот или женскиот тегавец, и во двата случаи делува исто

Тегавецот (Plantago major и Plantago minor) е скапоцено лековито растение неправедно запоставено и чие време допрва доаѓа. Иако со децении постои природен сируп од тегавец и мајчина душица за кашлица и белите дробови, тегавецот во нашето истражување покажа некои фантастични карактеристики во мешавините со другите лековити растенија.

tegavecВо народната медицина, тегавецот обично се користи надворешно, за рани и чиреви, за различните отоци и воспаленија, додека како чај или сируп од тегавец се користи за полесно искашлување, растворање на флегма, за чир на желудникот и за мочниот меур.

Во природата, постои голем и мал, или машки и женски тегавец, кои се разликуваат по листот и цветот. Кој тегавец и да го наберете за сируп нема да згреште. Тие се разликуваат малку по вкус, но нивниот хемиски состав и лековитите својства се исти.

Тегавецот е најдобро да се собере во текот на летото и пролетта, тогаш лисјата можете да ги ставите во салата или во блендер да направите сок (може да се меша со овошје или зеленчук).

Тегавецот има несомнено извонредни лековити својства. Една до две лажици на ден се доволни да блеснете со здравје и енергија.

Традиционалниот рецепт-како се прави сируп од тегавец

Тегавец во форма на сируп се препорачува за сите болни кои боледуваат од болестите на белите дробови, белодробна туберкулоза, оние кои тешко дишат, кашлаат и во градите имаат прекумерна мукозни секрети.

tegavetsПроверен рецепт за подготовка на домашен сируп од тегавец: земете шише за конзервирање со широк врат, со содржина од 5 литри, а на дно се става 2-3 см добро притиснати и свежо набрани листови тегавец. Преку содржината се истура околу 1 cm темен шеќер, и повторно слој од добро натиснати листови. Така се продолжува наизменично со слоеви на шеќер и лисја додека шишето не е целосно исполнето.

Шишето се остава во текот на ноќта покриено, а следниот ден на истиот начин се надополнува, бидејќи содржината на шишето во текот на ноќта слегнува. Ова се повторува сѐ додека шишето не биде целосно пополнето. Сега во градината, се копа дупка на заштитена локација, вратот на шишето се затвора со заштитен трослоен пергамент хартија или целофан (или се полева со восок), шишето се става во јама, се покрива со штица и дополнително да се стави товар од цигла. Во висина на каменот или тулата горниот дел од јамата се проширува и на тоа се става посилна штица.

Конечно остатокот од јамата се затрупува со земја и покрај тоа се забодува штица заради означување на местото.

tegavets2Шишето сега останува три месеци во земјата, содржината на шишето врие во сируп од тегавец на еднаква топлина на земјата, а од лисјата со помош на шеќерот се излачува сок во форма на сируп од тегавец. По истекот на тоа време шишето се вади од земјата и целата содржина на шишето добро се исцедува, и така добиен сируп од тегавец еднаш се проврива.

Цедење преку ткаенина, како што тоа често се прави, не е препорачливо, затоа што со такво нецелосно цедење остануваат премногу неискористени остатоци. Добиениот сируп се полни во шишиња и добро се затвора.

Сирупот е најдобар домашен лек за сите болести на белите дробови

Оној кој не поседува двор или градина во него, не може да врши ваков тип на ферментација по пат на рамномерна топлина на земјата, затоа треба да го стави шишето на постојано топло место, по можност во близина на шпорет. Колку повеќе топлината е рамномерна поповолна е и ферментацијата. Со прекинувањето на процесот на ферментација со ладење, се јавува помалку вреден, ако не и расипан сируп.

Доколку е потребно, децата земаат од сирупот неколку пати на ден со кафена лажичка, а возрасните со супена лажица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top