Станува збор за облоги врз база на мед, кои едноставно се лепи на градите и тоа само една вечер пред спиење. Овие облоги за само еден ден успешно ќе ја излекува дури и најсилната кашлица, а облогите можат да се стават и на бебе постаро од шест месеци, а можат да ја користат и возрасни.
За подготовка ви треба мед, брашно и растително масло во мали количини. Покрај смесата ќе ви требаат една салфета, мала газа и медицинска леплива трака.
На неколку работи сепак мора да внимавате. Кај помалите деца облогата треба да стои неколку часа, најдобро додека детето спие, додека пак возрасните личности можат да ја носат во текот на целата вечер.
Со оглед на тоа дека лекот е многу јак внимавајте облогите да не ги ставите директно на подрачјето на срцето. И уште нешто – овој лек не смее да се користи доколку имате температура. Потребно е да се внимава и на тоа личноста која го користи да не е алергична на мед и производи од мед.
Подготовката е многу едноставна:
Во малку брашно ставете уште помалку мед и добро измешајте. Треба да добиете гуместа маса, која може да ја држите во раце без да се лепи на прсти, а потоа додајте малку растително масло и повторно извалкајте ја смесата во брашно.
Побрашнетата смеса прво замотајте ја во салфета, па потоа во газа и така залепете ја на градите или на грбот.